Не е точно дека Лондонската галерија ќе ја отстрани сликата на Јан ван Ајк

Не постојат ниту какви било официјални соопштенија од Галеријата во кои било кажано дека портретот ќе биде отстранет, ниту пак, има медиумски известувања за некаков наводен повик сликата да се отстрани.

-

Од Националната галерија за Ројтерс потврдуваат дека сликата на уметникот Јан ван Ајк  во моментот е изложена и нема никакви планови да се отстрани, ниту пак, досега за неа стигнале поплаки. Првпат оваа слика  била изложена во далечната 1843 година токму во Националната галерија во Лондон, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ

Лондонска галерија сака да отстрани слика од Јан ван Ајк по честите поплаки од посетителите за сличноста на фигурата на сликата со Путин.

Патем, сликата е создадена во 1434 година.

Сепак, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, Националната галерија во Лондон нема намера да ја отстрани сликата на Јан ван Ајк, „Портрет на Арнолфини“ (брачната двојка Арнолфини),  поради тоа што човекот на неа (Џовани Арнолфини), наводно, наликувал на претседателот на Русија, Владимир Путин. Тоа за проверувачите на факти на Ројтерс, го изјавило лицето за односи со јавност на самата галерија.

Тој за Ројтерс вели дека сликата е изложена во соба 28 и нема планови да се отстрани.

Не постојат ниту какви било официјални соопштенија од Галеријата во кои било кажано дека портретот ќе биде отстранет, ниту пак, има медиумски известувања за некаков наводен повик сликата да се отстрани.

Досега нема никакви поплаки за коишто сме чуле, или пак, некој да ги упатил до галеријата, изјавил портпаролот за Ројтерс.

Првпат оваа слика се најде на изложба во далечната 1843 година токму во Националната галерија во Лондон.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Од Националната галерија за Ројтерс потврдуваат дека сликата на уметникот Јан ван Ајк  во моментот е изложена и нема никакви планови да се отстрани, ниту пак, досега од некаде стигнале поплаки за неа. Станува збор за дезинформација.

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се...

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Седум берберски овци пред шест дена угинале во Зоолошката градина во Скопје. За настанот, Зоолошката градина извести дури денеска на нивниот профил на Фејсбук, а попладнево со соопштение излезе и Агенцијата...

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за...

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина, соопшти Кремљ,...

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини...