fbpx

Папата Франциск побара да се стави крај на војната во Украина

-

Во својата велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi), поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги осуди нападите на Блискиот Исток, повика да се стави крај на војната во Украина, а ги спомена и настраданите во земјотресите во Турција и Сирија.

Папата се обрати пред околу 100.000 верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, и ја изрази својата силна загриженост поради неодамнешното интензивирање на нападите на Блискиот Исток, кои, според него, го загрозуваат дијалогот меѓу Израелците и Палестинците. И годинава една од главните пораки на папата беше за Украина кој ја повика меѓународната заедница да стави крај војната, како и на сите крвави конфликти во светот.

„Утешете ги ранетите и оние кои ги загубија своите најблиски поради оваа војна и погрижете се заробениците да се вратат живи и здрави во своите семејства“, рече папата Франциск.

Тој ги спомена и жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија во февруари, во кој загинаа повеќе од 56.000 луѓе, а штетата се проценува на стотици милијарди евра. Пред пораката, Папата ја предводеше велигденската миса и во својот папамобил помина низ луѓето собрани на плоштадот Свети Петар, благословувајќи ги верниците во топла атмосфера.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...