fbpx
Таг: Папа Франциск

таг: Папа Франциск

Папата Франциск упати апел за прекин на војните во Газа и Украина

Папата Франциск во својата Велигденска порака денеска упати апел за прекин на војните во Газа и Украина. Тој повика на прекин на огнот во борбите меѓу Израел и Хамас во Газа, како и ослободување на сите заложници што ги држи Хамас. „Мирот не се постигнува со оружје“, рече Папата во своето традиционално обраќање на Велигден во Ватикан. Десетици илјади верници се...

Папата Франциск побара прекин на непријателствата меѓу Израелците и Палестинците и многу повеќе помош за Газа

Архивска фотографија од Папата Франциск, 2016 година | Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс
Папата Франциск денеска повторно апелираше за прекин на непријателствата меѓу Израелците и Палестинците и побара многу повеќе хуманитарна помош за Газа. „Доста, доста, браќа, доста“, рече Франциск, обраќајќи се на присутните на плоштадот Свети Петар по неговата неделна молитва. Папата побара ранетите во Појасот Газа веднаш да се згрижат и да се обезбеди заштита на цивилите. Тој, исто така, рече...

„Кодирај со Папата“ – Папата Франциск ги охрабрува децата да се насочат кон програмирање

Папата Франциск поддржа глобален проект на полски технолошки претприемач, чија цел е да насочи што повеќе деца кон компјутерско програмирање. Мирон Мирониук, основач на компанијата за вештачка интелигенција „Cosmose AI“ за Би-би-си вели дека иницијативата „Кодирај со Папата“ (Code with Pope) ќе ги премости „еклатантните разлики во образованието“ низ целиот свет. Тој се надева дека учеството на Папата во проектот ќе...

Фотографиите од папата Франциск со ЛГБТИ знаме, што се шират социјалните мрежи, се лажни

На неколку фотографии се гледа како врховниот понтиф позира насмеан пред камерата со „знамето на гордоста“ на рамениците. Сепак, сликите се создадени со помош на алатка за вештачка интелигенција, тие не се реални. Фотографиите за првпат се споделени во твит од корисникот @TheGayForest на 3 април. Не е првпат папата Франциск да биде предмет на лажни слики создадени со вештачка интелигенција. Во март 2023 година,...

Џафери на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан

Државно – црковна делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил и ќе положи цвеќе пред спомен - плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”. Традиционално, делегацијата присуствуваше и на аудиенција кај Папата...

Папата Франциск ја повика Унгарија да ги отвори границите за мигрантите

Архивска фотографија од Папата Франциск, 2016 година | Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс
Папата Франциск, денеска, на последниот ден од тридневнта посета на Унгарија, ја повика земјата да ги отвори вратите за другитеи упати молба Европа да ги пречека мигрантите и сиромашните и да стави крај на руската војна во Украина. Папата денеска одржа миса во Будимпешта, на која присуствувале околу 50.000 луѓе, меѓу кои и нив беа и претседателот, Каталин Новак...

Државите ги евакуираат своите граѓани од Судан, Папата Франциск повикува на дијалог

Архивска фотографија од Папата Франциск, 2016 година | Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс
Папата Франциск денеска повика на дијалог за решавање на „сериозната“ ситуација во Судан, каде повеќе од една недела има смртоносни борби меѓу армијата и паравоените сили. „За жал, ситуацијата во Судан останува сериозна и затоа го обновувам мојот апел насилството да престане што е можно поскоро и да се следи патот на дијалогот“, рече Папата за време на неделната традиционална...

Папата Франциск побара да се стави крај на војната во Украина

Архивска фотографија од Папата Франциск, 2016 година | Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс
Во својата велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi), поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги осуди нападите на Блискиот Исток, повика да се стави крај на војната во Украина, а ги спомена и настраданите во земјотресите во Турција и Сирија. Папата се обрати пред околу 100.000 верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, и ја изрази...

Загрижен за климатските промени, папата Франциск им порача на младите да јадат помалку месо

Папата Франциск ги замоли младите да јадат помалку месо со цел подобро да се грижат за животната средина. Во писмото до учесниците на Младинската конференција на ЕУ што се одржува неделава во Прага, папата повика да го „скршиме овој самоуништувачки тренд“ на консумеризмот и да се даде приоритет на одржливоста, јавува „Јуроњуз“. „Итно да се намали потрошувачката не само на...

[ВИДЕО] Ковачевски на средба со папата Франциск: Верувам дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи

Државно-црковната делегација на Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета во Рим и Ватикан по повод чествувањето на Светите Кирил и Методиј оствари средба со Неговата светост Папата Франциск. За време на разговорот на аудиенцијата кај Светиот отец Франциск беше истакната улогата на Светите браќа Кирил и Методиј кои со својата мисија да го шират христијанството...

Папата Франциск ја осуди руската инвазија и се моли за мир во Украина

Архивска фотографија од Папата Франциск, 2016 година | Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс
Папата Франциск денеска за време на неговата дводневна посета на Малта повторно ја осуди војната во „маченичката“ Украина. Изјавата на Папата следува по пронаоѓањето на 20 тела на цивили во Буча, недалеку од Киев. „Се молиме за мир додека размислуваме за хуманитарната трагедија на маченичката Украина, која сè уште живее под бомбите во оваа војна“, рече папата Франциск по мисата...

Папата Франциск ја именува Натали Бекарт за потсекретар во Синодот, прва жена во Ватикан на оваа функција

Папата Франциск ја именуваше французинката Натали Бекарт за потсекретарка на бискупскиот Синод. Таа е прватa жена во Ватикан на оваа функција, која ќе има право на глас, пишува лондонски „Гардијан“. Натали Бекарт е една од двајцата нови потсекретари именувани во Синодот, бискупско тело кое ги проучува главните прашања на доктрина на Римокатоличката црква, каде беше советник од 2019 година. Таа...

Папата Франциск предупреди дека жените се изложени на опасност од семејно насилство

Поради мерките за ограничено движење во време на пандемија, жените се изложени на опасност од семејно насилство, посочи Папата Франциск, поглаварот на Римокатоличката црква. Тој повика и на молитва за жените. „Во овие моменти жените имаат ризик да бидат изложени на насилство заради коегзистенција за што носат преголем товар“, додаде тој. „Мета.мк“ претходно пишуваше за опасноста од ризикот да се зголемат...

Папата Франциск на 7 мај во Скопје, на средби со Заев, Иванов и верски лидери

Папата Франциск на 7 мај наутро ќе пристигне во Скопје каде ќе се сретне со политички и верски лидери, објави канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан. После официјалниот пречек, Папата Франциск ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор. За време на својот престој во...

Папата и Ердоган сметаат дека не треба да се менува статусот на Ерусалим

Тероризмот не може да се доведува во врска со религиите, а борбата против ксенофобијата и исламофобијата треба да продолжи со заеднички сили, оцениле папата Франциск и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на нивната денешна средба во Ватикан, јави турската новинска агенција „Анадолија“. Неименуван извор од канцеларијата на Ердоган за агенцијата изјавил дека папата и турскиот претседател разговарале за повеќе важни...

Папата предупредува дека нуклеарниот пожар може случајно да почне

Папата Франциск во обраќањето познато како „Состојба во светот“ апелираше до сите нации да го поддржат дијалогот со цел да се намалат тензиите на Корејскиот Полуостров и да се работи на правно обврзувачката забрана на нуклеарното оружје. - Нуклеарното оружје мора да биде забрането - изјави поглаварот на Римокатоличката црква, цитирајќи документ објавен од папата Јован Дваесет и трети за...

Папата се моли за жителите на филипинскиот остров Минданао

Папата Франциск изјави дека се моли за населението на Минданао, филипинскиот остров кој најмногу настрада од тропската бура и од поплавите. Во денешното обраќање кон присутните на плоштадот „Свети Петар", неколку часа пред литургијата за Бадник, папата рече дека бурата предизвикала бројни жртви и големи разурнувања. Светиот отец истакна дека сака да го увери населението на Минданао дека се моли за...

Папата повика на дијалог поради насилство во Ерусалим

Папата Франциск изјави дека е вознемирен поради неодамнешните насилства во Ерусалим и повика на дијалог и на умереност за да се воспостави мир. - Вознемирен ги следам тешките тензии и насилството во последните денови во Ерусалим. Чувствувам потреба да изразам повик на умереност и на дијалог – изјави папата, обраќајќи им се на верниците собрани на плоштадот Свети Петар. Тој повика на...

Папата загрижен поради опасните сојузи формирани на самитот Г20

Папата Франциск изјави дека самитот Г20 во Хамбург загрижува поради потенцијалните „многу опасни сојузи“ помеѓу светските лидери. -Загрижен сум поради многу опасните сојузи помеѓу силите кои имаат искривена верзија на светот: САД и Русија, Кина и Северна Кореја, Путин и Асад – рече папата во интервју за италијанскиот весник „Република“. Тој наведе дека миграцијата е голем проблем и дека самитот Г20...

Трамп се сретна со папата Франциск

Претседателот на САД, Доналд Трамп и Папата Франциск денеска се сретнаа во Ватикан каде што поразговарале половина час и си размениле подароци. Папата Франциск на американскиот претседател му подарил три свои главни учења кои генерално ги подарува на шефовите на државите кои го посетуваат. Дел од главните теми содржани во тие учења жестоко се спротивставуваат на политиките на Трамп и неговите...

ЦУК: Спасен овчар и стотина негови овци, биле заглавени на остров на надојдената Црна Река

Центарот за управување со кризи соопшти дека е спасен овчар кој, заедно со неговите овци, ненадејно се нашол на речен остров, откако реката Црна надошла. „На Единствениот број за итни...