Фотографиите од папата Франциск со ЛГБТИ знаме, што се шират социјалните мрежи, се лажни

Фотографиите не се појавуваат на ниту една голема медиумска веб-страница во светот. Ниту, пак, се објавени од официјалните профили на папата Франциск или Католичката црква

-

На неколку фотографии се гледа како врховниот понтиф позира насмеан пред камерата со „знамето на гордоста“ на рамениците. Сепак, сликите се создадени со помош на алатка за вештачка интелигенција, тие не се реални. Фотографиите за првпат се споделени во твит од корисникот @TheGayForest на 3 април. Не е првпат папата Франциск да биде предмет на лажни слики создадени со вештачка интелигенција. Во март 2023 година, се ширеа фотографии на понтифот кој носи модерни палта и позира со очила за сонце. Сликите станаа вирални и ги измамија луѓето ширум светот, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Од 1 јуни се слави „Месецот на гордоста на LGTBIQ+“ и оттогаш кружат дезинформации поврзани со заедницата. На социјалните мрежи во последните неколку дена се споделува колаж направен од четири фотографии на која се гледа како папата Франциско позира со знамето на гордоста. На фотографиите дадени во рамките на објавата, папата е прикажан како  на неговите рамења  го држи знамето на LGTBIQ + заедницата.

Колажот уште од сам старт предизвикува сомнеж за неговата вистинитост, бидејќи никогаш не се видело висок претставник на Католичката црква да се појави со еден од најголемите симболи на ЛГТБИ заедницата.

Извршиме верификација на фотографиите преку обратно пребарување во Гугл Ленс за да го лоцираме потеклото на колажот. Ако фотографиите беа вистински, вакви историски портрети требаше да бидат објавени во светските мејнстрим медиуми, но тоа не е случај.

Фотографиите не се појавуваат на ниту една голема медиумска веб-страница во светот. Ниту, пак, се објавени од официјалните профили на папата Франциск или Католичката црква.

Колажот од фотографиите, всушност, е направен со помош на алатка за вештачка интелигенција.

Фотографиите за првпат се споделени во твит од корисникот @TheGayForest на 3 април.

Текстот на објавата на овој твит дава индикации дека анализираните слики не се реални, пред сè, затоа што меѓу ознаките вклучени во објавата има две спомнувања на програмата за вештачка интелигенција со која се создадени повеќето лажни слики проверени оваа година, а тоа се #midjourney и #midjourneyv5.

Midjourney е име на програма за вештачка интелигенција способна да создава слики од описите на корисници.

Новата техника за генерирање слики со вештачка интелигенција користи невронски мрежи (колекција на компјутерски симулирани неврони, моделирани врз невроните на човечкиот мозок, кои се дизајнирани да препознаваат обрасци), за генерирање, усовршување и подобрување на сликите врз основа на внесување текст од корисникот.

Моделот е „обучен“ од база на слики и системите ќе продолжат да ја усовршуваат генерираната слика, водена од внесувањето текст. Како резултат на тоа, се создава висококвалитетна и контекстуално релевантна слика по голем број чекори за усовршување на сликата.

Како и во сите случаи кои вклучуваат слики произведени со вештачка интелигенција, овие фотографии често имаат недостатоци во најмалите детали. И овој случај се забележуваат такви недостатоци. Прстите на раката со кои Врховниот понтиф го фаќа знамето со пурпурната лента се деформирани.

Не е првпат папата Франциск да биде предмет на лажни слики создадени со вештачка интелигенција. Во март 2023 година, се ширеа фотографии на понтифот кој носи модерни палта и позира со очила за сонце. Сликите станаа вирални и ги измамија луѓето ширум светот.

Вистиномер ја класифицира оваа објава како невистинита. Колажот од фотографии на папата Франциск со знамето на ЛГБТИ+ заедницата се направени со помош на вештачка интелигенција и не се реални.

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани...