понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: фотографии | 57 резултати

Дезинформација е дека Фејсбук ќе наплаќа 4,99 долари месечно за да го користите

ноември 6, 2023

Во објавата се споделува невистинита информација дека Фејсбук воведува тарифа од 4,99 долари месечно за да може да го користите. Центарот за поддршка на Фејсбук наведува дека не им се наплаќа на корисниците за да го користат, туку им се наплаќа на огласувачите да прикажуваат реклами на Фејсбук и на другите социјални мрежи на компанијата […]

Дезинформација е дека тештата на Зеленски поседува вила во Египет

септември 5, 2023

Самиот сопственик на фирмата која го поседува луксузниот комплекс во Египет, Наџиб Сауирис на Твитер објави дека е дезинформација оти Зеленски или кој било од неговата фамилија купил имот во неговиот комплекс (комплексот што го управува неговата фирма), туку дека вилата е во сопственост на египетско семејство, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го […]

Фотографиите од папата Франциск со ЛГБТИ знаме, што се шират социјалните мрежи, се лажни

јуни 21, 2023

На неколку фотографии се гледа како врховниот понтиф позира насмеан пред камерата со „знамето на гордоста“ на рамениците. Сепак, сликите се создадени со помош на алатка за вештачка интелигенција, тие не се реални. Фотографиите за првпат се споделени во твит од корисникот @TheGayForest на 3 април. Не е првпат папата Франциск да биде предмет на лажни слики создадени со вештачка […]

Условите за користење на Фејсбук, не се менуваат со пишување на статус

јуни 16, 2023

Објавата што се споделува во овој пост се шири на Фејсбук барем од 2012 година во различни форми, но согласно условите за користење на Фејсбук, самите корисници го контролираат нивото на приватност на содржините коишто ги споделуваат. Овие услови за користење не може да се променат со едноставно споделување на статус на вашиот профил, пишува „Вистиномер“ […]

Петто рочиште со вештакот за несреќата со автобусот на „Дурмо турс“, некои од перничињата на осовината биле испукани

април 20, 2023

Судењето за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ што се случи во 2019 година во скопско Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени, денес продолжи во Кривичниот суд – Скопје. Како и на претходните 4 рочишта, беше сослушан и вешакот Зекирја Зекири, кој заедно со неговите 3 колеги […]

НАСА не промовирала фотографија од бугарска природна знаменитост, како да е снимена на Марс

ноември 11, 2022

Фотографијата којашто е споделена во постот што го рецензираме нема никаква поврзаност со НАСА. Иако објавената фотографија од местото во Бугарија е автентична, сепак не е точно дека некогаш НАСА ја објавила за наводно да промовира, а уште помалку да шири невистини за своите сопствени мисии. Од НАСА на 6 февруари 2021 година за Франс […]

Во четврток во Прилеп ќе се отвори изложбата „И јас сум тука“

октомври 12, 2022

Изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“ ќе биде отворена на 15 октомври (четврток) од 19 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, информираат од прилепскиот Центар за култура. Притоа, ќе бидат промовирани и книгата „И јас сум тука“, во која се сместени сите приказни на луѓето-учесници на изложбата, како и македонскиот превод […]

Изложбата на фотографот Иван Блажев „Сето време е сето време“ поставена во Кинотека

септември 21, 2022

Во Галеријата на Кинотеката на Македонија синоќа беше поставена изложбата на фотографии „Сето време е сето време“ на фотографот Иван Блажев. Оваа изложба е заокружување на истоимениот циклус фотографии снимени во Дрезден во 2018 и 2020 година. Првично, избор од фотографиите беше прикажан во Скопје на изложбата „Дрезден: време/простор/лица“, како заедничко претставување на Иван Блажев, […]

Отворена изложбата „Мултикултурализмот низ објективот на младите“

февруари 16, 2022

Средношколците од Скопје кои учествуваа на обуките за фотографија и камера како креативни алатки, во рамки на проектот „Мултикултурализам и радикализација: Нови пристапи кон старите проблеми“ кој го спроведе здружението Нексус- Граѓански Концепт денеска ги претставија своите дела. Отворањето на изложбата насловена „Мултикултурализмот низ објективот на младите“ се одржа во просториите на Млади Хаб во […]

Фото приказна: 2021 година претставена преку објективот на дел од македонските фотографи

јануари 31, 2022

Кон крајот на првиот месец од новата година правиме фотографска сторија заедно со повеќе фотографи од земјава кои учествуваат со по една своја фотографија што за нив ја претставува годината 2021. Секоја од фотографиите опишува различни животи на различни луѓе направени во различни моменти што за миг пренесуваат заедничка смисла кон годината што измина. По […]

[Фото] Поларни мечки на рускиот Арктик се вдомиле во напуштени згради

јануари 27, 2022

Руски фотограф снимил фасцинантна серија фотографии на кои се прикажани поларни мечки кои ги зазеле напуштените згради на метеоролошката станица на островот меѓу Русија и Алјаска. Во септември 2021 година, фотографот Дмитриј Кох патувал низ островите во Чукчиското Море, маргинално море на Арктичкиот Океан што се наоѓа помеѓу Русија и Алјаска. „Бидејќи е најоддалечениот и […]

Твитер ќе остранува фотографии и видеа твитнати без согласност

декември 1, 2021

Твитер објави дека ќе се отстрануваат фотографии и видеа од приватни лица кои се публикувани на оваа социјална мрежа без дозвола на оние што се наоѓаат на нив, јавува Би-Би-Си. Ваквиот потег ќе се преземе доколку корисниците побараат да бидат отстранети вакви фотографии и видеа. Новото правило се надоврзува за политиките за забрана на објавување […]

Фотографска изложба на Милчо Манчевски во Бургас

октомври 14, 2021

По успешното претставување на изложбата „Таму“ на Милчо Манчевски во Софија, на 15 октомври (петок) 2021 истата ќе биде поставена и во Бургас, во Центарот за современа уметност и библиотека, информираат од Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Софија. „Колор делата на тема улична фотографија, на светски познатиот режисер Милчо Манчевски, ќе бидат достапни […]

МВР со кампања „Кажи не!“ ќе ја зголемува свеста за споделување фото и видео материјали на интернет

октомври 5, 2021

Сексуалната злоупотреба на деца на интернет остава далекусежни последици врз жртвата, која мора да живее со сознанието дека фотографиите и видеата добиени преку злоупотреба на довербата може да се шират на интернет во секое време и да бидат достапни за секого. Затоа, во соработка со полициите во регионот и Европол, МВР спроведува кампања чија цел […]

Норвешка со закон им нареди на инфлуенсерите да го обележат „разубавувањето“ на фотографиите

јули 2, 2021

Норвешка усвои закон којшто е насочен кон уредувањето на фотографиите, кој треба да помогне во решавање на прашањето за сликата на човековото тело во општеството. Имено, законското решение им наложува на инфлуенсерите на социјалните мрежи јавно да го назначат „разубавувањето“ на фотографиите што ги објавуваат, односно уредувањето на нивните фотографии мора да биде наведено во […]

„Копирајт тролинг“ – заштита на авторски права или обид за замолчување на медиумите?

јуни 23, 2021

„Копирајт тролингот“ (copyright trolling) или злоупотребата на авторските права на голема врата влегува во земјава. Негативниот феномен што започна да се појавува кон средината на минатата деценија низ развиените земји се прошири и во Македонија, со закани на одредени личности и компании преку адвокатски друштва дека ќе покренат судски постапки против медиумски куќи поради прекршување […]

Студентски конкурс за избор на најдобра фотографија на тема: „Мојот омилен културен споменик во Европа“

април 28, 2021

Европското движење во Република Северна Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, по повод одбележувањето на Денот на европското обединување – 9 Мај, организира избор на најдобра фотографија на тема: „Мојот омилен културен споменик во Европа“. Студентите може да учествуваат на овој натпревар со испраќање сопствени фотографии со нивниот […]

Случувањата во 2020 година преку 20 фотографии

декември 31, 2020

Две патки преминуваат на пешачки премин за време на полицискиот час Атиџе Муратова, главен лик од „Медена земја“ – македонски документарец номиниран за „Оскар“ Мигрантска криза во Турција и Грција Последениот патнички авион кој слета на Меѓународниот аеродром во Скопје пред неговото затворање поради пандемијата Првоаприлски снег Имамот на Мустафа-пашината џамија, сам ја одржа молитвата […]

Утре во Комитет изложба на фотографии и ракотворби „Љубовта не може да чека“

октомври 8, 2020

Утре, 9 октомври со почеток во 11 часот во социјалниот центар Комитет ќе биде отворена изложбата „Љубовта не може да чека“ со фотографии на Лазар Зафировски изработени заедно со тимот од Сигурна куќа. Со овие фотографии се отсликува секојдневното изразување на љубов преку отворен наспроти прикриен говор, а освен нив, на изложбата ќе бидат претставени […]

„Молчењето не е решение“ – акција на активистите против семејното насилство

август 12, 2020

Денеска во Градскиот парк во Скопје, активисти поставија фотографии од жени жртви на семејно насилство со цел да алармираат за зголемувањето на бројот на вакви случаи. „Идејата на оваа акција е од една страна да се охрабрат жртвите да проговорат и да побараат помош, но од друга страна главна цел на акцијата е повеќе да […]

Страна 1 од 3