среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: ЛГБТИ | 46 резултати

Утре припадниците на ЛГБТИ да бидат помалку видливи, апелира Хелсиншкиот комитет

28 јуни 2023

Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на утрешниот протест, апелираат во соопштение од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Апелот за заштита и безбедноста на ЛГБТИ лицата, доаѓа по најавата за утрешниот протест на МПЦ-ОА, кој е насочен […]

Во Италија јуни не е прогласен за „месец на семејната гордост“

27 јуни 2023

Во постот невистинито се тврди дека Италија го прогласила јуни како „месец на семејната гордост“ и се споделува видео клип од долги години одржуван марш против абортусот во Рим, којшто не е спонзориран од владата. Ниту премиерката ниту другите претставници на владата не прогласиле „месец на семејната гордост“ во Италија, тоа за странски проверувачи на […]

Обединетите Нации не ги замениле знамињата на сите 193 држави со знамиња на ЛГБТИ

24 јуни 2023

Фотографијата прикажана во постот е од Рокфелер центарот во Њујорк, а не од седиштето на Обединетите нации, пишува Вистиномер.мк.  Оваа фотографија  е стара, од 2019 година и може да се пронајде овде.   Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: На оние кои си […]

Фотографиите од папата Франциск со ЛГБТИ знаме, што се шират социјалните мрежи, се лажни

21 јуни 2023

На неколку фотографии се гледа како врховниот понтиф позира насмеан пред камерата со „знамето на гордоста“ на рамениците. Сепак, сликите се создадени со помош на алатка за вештачка интелигенција, тие не се реални. Фотографиите за првпат се споделени во твит од корисникот @TheGayForest на 3 април. Не е првпат папата Франциск да биде предмет на лажни слики создадени со вештачка […]

Тања Иванова: Родот не е идеологија, туку реалност врз основа на која се врши дискриминација

12 јуни 2023

Веќе извесен период прашањето за правата на жените, родовиот идентитет и законите кои ги регулираат овие права, а кои светските лидери и организации за човекови права ги договорија со Истанбулската конвенција, предизвикува реакции во јавноста. Меѓу оние кои се категорично против еднаквоста меѓу мажите и жените, најгласни се поглаварите на верските заедници. Некои општини веќе […]

Нема никаква сличност меѓу нацистичкото знаме и знамето на ЛГБТ заедницата

11 јуни 2023

Нема никаква поврзаност ниту сличност меѓу нацистичкото знаме и знамето на ЛГБТ заедницата. Контекстите, причините и временските периоди во кои двете знамиња се појавуваат, како и нивниот изглед се комплетно различни и неспоредливи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој […]

Знамето на напредок на гордоста не содржи симбол на педофилите

15 мај 2023

Ова знаме не содржи „симбол на педофилите“. Во објаснувата кои ги најдовме на Интернет за значењето на боите на ова знаме, се наведува дека тоа става акцент врз инклузијата и напредокот, и ја претставува заедницата која себе се дефинира како чадор на различни групи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Фотографија со НАТО знаме лажно претставена како да е од собата на Одри Хејл

7 април 2023

Споделената фотографија за која се тврди дека е од спалната соба на Одри Хејл, каде се закачени ЛГБТИ знамиња и НАТО знаме  е стара. Фотографијата е објавена на Твитер во 2021 година и не е од собата на 28 – годишната поранешна студентка, за која полицијата соопшти дека на 27 март убила три деца и […]

Говор на омраза и дезинформации поврзани со Европрајд 2022 испливaa на површина во Србија

23 септември 2022

Во Србија, дезинформациите и говорот на омраза кон ЛГБТК+ заедницата и поддржувачите на човековите права се во значителен пораст, како резултат на Европрајд 2022, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Европрајд е паневропски и меѓународен ЛГБТК+ настан, кој секоја година е во организација на различен европски град. Во 2022 година […]

Објавена публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“

16 септември 2022

Објавена е публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“ од авторките д-р Елена Михајлова-Стратилати и Вики Младенова. Публикацијата, како што истакнаа од хелсиншкиот комитет за човекви права е своевиден обид да се консолидираат постоечките релевантни акти на институциите на Советот на Европа […]

Вистиномер: Не е точно дека српски политичари во „Службен весник“ биле прогласени за геј лица

26 јули 2022

Не е вистина дека во „Службениот весник“ на Република Србија се објавуваат листи на лица кои се геј. Таква практика не постои. Ваквото тврдење во постот е чиста измислица. Од јавните личности споменати во постот само премиерката Ана Брнабиќ отворено се декларира како геј, пишува Вистиномер.мк.    Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на […]

Вистиномер: Неточно се тврди дека на геј парадата во Мексико Сити присуствувале една милијарда луѓе

10 јули 2022

Властите на Мексико Сити изјавиле дека очекуваат околу 300 илјади луѓе да присуствуваат на геј парадата, а пријавиле дека на истата присуствувале 250 илјади луѓе. Оттука нејасно е од каде излезе бројката посочена во постот од 800 милиони до една милијарда луѓе кои ја гледале геј парадата. За овие податоци во објавата на Фејсбук не […]

Бугарскиот весник „Труд“ осуден за „угнетување“ преку ширење руска пропаганда за хомосексуалците

9 јули 2022

Петју Б’лсков, сопственикот на бугарскиот весник „Труд“ и неговата фирма „Труд медиа“ добија судска пресуда за угнетување на групи од бугарското население преку распространување материјали од руските медиуми оформени како класична антизападна и прокремљовска пропаганда, јави бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Станува збор за материјал со наслов „Педерастите в САЩ бият тревога“ преведен и објавен идентично […]

Маричиќ и Тренчевска маршираа на Парадата на гордоста

26 јуни 2022

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, маршираа на Парадата на гордоста, која годинава се одржаа под мотото: „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда. Вицепремиерот Маричиќ вели дека неговото присуство на Парадата на гордоста е чин на солидарност и максимална поддршка на борбата за човековите права […]

Младите за време на ковидот се соочиле со ограничен пристап до информации за сексуално и репродуктивно здравје

24 јуни 2022

Младите се соочиле со сериозни потешкотии да дојдат до информации и услуги поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје во време на ковид-19 пандемијата, што довело до зголемено чувство на несигурност кај нив. Ова го покажало Истражувањето за влијанието кое ковид-19 пандемијата го имаше врз сексуалното и репродуктивното здравје и права кај младите во Македонија кое […]

„Здружение ЛГБТИ Јунајтед“ – Колку и да сме различни меѓу себе, тука сите сме еднакви

9 јануари 2022

Моменталната ситуација во однос на положбата во која се наоѓаат ЛГБТИ лицата во Македонија е малку подобрена споредено претходните години. Последното истражување на Европската агенција за основни права покажува дека во изминативе 12 месеци од 2021 година дури 49 отсто од лицата се соочуваат со дискриминација во осум сфери од македонското општество, а 41 отсто […]

Анализата за правното признавање на родот во земјава укажува на отсуство на јасна законска рамка

18 ноември 2021

Со поддршка на Советот на Европа и Коалицијата Маргини, вчера во Собранието на Република Северна Македонија во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата се одржа тркалезна маса на тема „Правното признавање на родот во Северна Македонија“. Целта на тркалезната маса беше да се презентира Прелиминарната анализа за правното признавање на родот […]

Втора Парада на гордоста во Скопје (ГАЛЕРИЈА)

26 јуни 2021

Под мотото „Вон ѕидовите“ денеска во Скопје се одржа втората парадата на гордоста – Skopje Pride 2021. По една година пауза поради пандемијата, годинава над илјада поддржувачи се собраа во главниот град на, како што велат, протест против опресивните политики, хомофобијата и трансфобијата, но истовремено и прослава за надежите за едно посолидарно и поправедно општество. […]

Повеќето граѓани го поддржуваат правото на мирен Марш на гордоста

26 јуни 2021

Во пресрет на втората Парада на гордоста во Скопје, која се одржува денеска, Civil Rights Defenders (Бранители на човековите права) спроведоа истражување на јавното мислење кое, како што велат, окажало дека мнозинството граѓани на Северна Македонија го поддржуваат правото на ЛГБТИ+ лицата да одржат мирен Марш на гордоста. На прашањето дали се согласуваат со тоа […]

„Скопје Прајд“ ќе се одржи на 26 јуни под слоганот „Вон ѕидовите!“

13 јуни 2021

Втората Парада на гордоста во Скопје, „Скопје Прајд“ ќе се одржи на 26 јуни 2021 (сабота), во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ). Рутата на Прајдот, како и други организациски детали, ќе бидат дополнително споделени со јавноста во текот на идната недела. Оваа година Парадата на гордоста повторно се враќа на улиците, […]

Страна 1 од 3