Фотографија со НАТО знаме лажно претставена како да е од собата на Одри Хејл

Бројот на трансродови лица кои извршиле масовни пукања во училишта во САД процентуално е мал, а во објавата што ја рецензираме се издвоени само тие лица кои, инаку, веќе се осудени за кривичните дела

-

Споделената фотографија за која се тврди дека е од спалната соба на Одри Хејл, каде се закачени ЛГБТИ знамиња и НАТО знаме  е стара. Фотографијата е објавена на Твитер во 2021 година и не е од собата на 28 – годишната поранешна студентка, за која полицијата соопшти дека на 27 март убила три деца и тројца возрасни во христијанско основно училиште во Нешвил, Тенеси, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Собата на Одри Хејл, убиецот на деца во Нешвил, која се изјаснувала за транс-маж, слично како неколку други „полово збунети” убијци претходно. Религиозните заблуденици од ЛГБТКу заедницата веќе ја сметаат за маченик оти загинала спротиставувајќи се на законот во Тенеси со кој се забранува промена на пол кај деца.
Но, споделената фотографија за која се тврди дека е од спалната соба на Одри Хејл, каде се закачени ЛГБТИ знамиња и НАТО знаме е стара. Оваа фотографија беше објавена на Твитер во 2021 година и не е од собата на 28-годишната поранешна студентка, за која полицијата вели дека убила три деца и тројца возрасни во христијанско основно училиште во Нешвил Тенеси на 27 март годинава.
Полицијата ја идентификуваше напаѓачката како Одри Елизабет Хејл. Како што  објави Ројтерс, Хејл се претставувала со машки заменки на Линкд ин профилот и полицијата вели дека се сомневаат дека се самоидентификувала како трансродова личност, додека ним им се претставувала со женски заменки.

Фотографијата споделена во постот што го рецензираме е објавена на Твитер на 16 декември 2021 година заедно со друга фотографија за која личи дека е од истата соба. Корисникот на Твитер кој тогаш ја споделил оваа фотографија, за Ројтерс под услови на анонимност потврдил дека тоа е фотографија од неговата соба.

На втората фотографија од постот што го рецензираме има прикажано четири лица кои учествувале во претходни пукања во училишта.

Но, на сајтот на Евритаун Рисрч и полиси (Everytown Research & Policy), наведени се 306 масовни пукања во САД од 2009 година, пишува Њузвик.

Четворица од над 300 напаѓачи од 2009 година, се трансродови или небинарни. Тоа е само 1.3 проценти од сите напаѓачи. Само што ја докажавте нашата поента дека 99 проценти од масовните напаѓачи во САД се цисродови,  напиша на Твитер Антони Зенкус предавач по социјална работа на Универзитетот Колумбија.

Според истражувачкиот институт Вилијамс, 0,6 проценти од сите Американци повозрасни од 13 години се идентификуваат како трансродови, пишува Њузвик.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како делумно невистинит. Не е точно дека на фотографијата е прикажана собата на Одри Хејл.

Исто така, бројот на трансродови лица кои извршиле масовни пукања во училишта во САД процентуално е мал, а во објавата што ја рецензираме се издвоени само тие лица кои, инаку, веќе се осудени за кривичните дела. Гардијан пишува дека мнозинството убиства со масовно пукање во САД се извршени од страна на мажи.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...