сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: убиец | 17 резултати

Во БиХ убиена жена во пекарница, убиецот потоа се самоубил

септември 25, 2023

Во босанското гратче Завидовиќи, западно од Тузла, вчеравечер 46-годишен маж во пекарница убил 33-годишна вработена, јави босанскиот весник „Аваз“ на својот вебсајт. Полициската станица Завидовиќи добила дојава во 21:17 часот вчера дека се пукало во пекарницата „Централ“. При увидот, што траел повеќе од четири часа, во пекарницата биле пронајдени телата на 33-годишната вработена Аида Дендиќ […]

Бугарски бизнисмен со криптовалути убиен и распарчен во Софија поради долг од 2.000 лева и пропаднат бизнис

август 17, 2023

Долг од 2.000 евра и пропаднат бизнис-проект со криптовалути. Тоа се најверојатните причини за грозоморното убиство на 42-годишниот Кристијан Пеев кое се случило минатата седмица во Софија, известуваат бугарските медиуми. Убиецот, кој е во притвор, откако со тежок предмет го удрил по главата бизнисменот со криптовалути, го распарчил неговото тело и деловите ги фрлал во […]

Лажна фотографија од 13-годишниот осомничен за убиство од Србија

мај 5, 2023

На фотографијата не е прикажан Коста Кецмановиќ, седмоодделенецот од Белград кој уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште. Пинтерест, страница од која секој слободно може да симне фотографии, а на неа е прикажан Едвард Хотеа од Романија. Тој објавил видео на ТикТок во кое објаснува дека фотографијата е негова, дека е направена во […]

Ѕверски убиен 49-годишен македонски државјанин во Сончев Брег, полицијата уапси 14-годишник

април 28, 2023

По дојава до полицијата вчера 15-тина минути до пладне, на локација со дрвја во Сончев Брег, Бугарија откриено е мртво тело со тешки повреди на главата, а полицијата од Несебар и од Бургас извршила увид, при што е утврдено дека убиениот е 49-годишен македонски државјанин, јави бургаскиот медиум „Зона Бургаз“. Телото било пронајдено кај угостителскиоти […]

Фотографија со НАТО знаме лажно претставена како да е од собата на Одри Хејл

април 7, 2023

Споделената фотографија за која се тврди дека е од спалната соба на Одри Хејл, каде се закачени ЛГБТИ знамиња и НАТО знаме  е стара. Фотографијата е објавена на Твитер во 2021 година и не е од собата на 28 – годишната поранешна студентка, за која полицијата соопшти дека на 27 март убила три деца и […]

ВМРО-ДПМНЕ: Убијците на Мартин Јанушев имаат заштита од највисокиот врв на власта

ноември 17, 2017

„Никој 15 дена не знае ни каде се наоѓа, ни кој му помогнал да избега на убиецот на Мартин Јанушев. Така е затоа што очигледно криминалците инволвирани во оваа егзекуција имаат заштита од највисокиот врв на власта. Така е затоа што криминалците беа ослободувани и обработуваа за СДСМ и сега институциите се блокирани и не […]

ВМРО-ДПМНЕ: Цели три дена не е фатен убиецот на фудбалерот, исчезна и Спасовски

ноември 5, 2017

„Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да избега и да стигне каде сака! Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да се засолни каде било, да бара алиби и да се обиде да ја префрли вината на некое трето лице“, порача Александар Нацев на партиска прес-конференција […]

Скопјанец го убил татко си со нож

септември 7, 2017

Четириесет и едногодишниот скопјанец И.Т. синоќа со нож го убил својот татко во нивниот дом во населбата Црниче. Полицијата била повикана од нивна сосетка, на улицата Чедомир Кантарџиев во Скопје, која пријавила дека соседите се тепаат. Кога пристигнале полицајците, на прагот на дневната соба го пронашле избоден Љ.Т. (68), а лекарот од итна медицинска помош […]

„Газета експрес“: Тројца Косовци убиени во Минхен

јули 23, 2016

Тројца Косовци, еден млад маж и две девојки, се меѓу жртвите од вчерашниот напад во Минхен при кој животот го загубија девет лица, а 16 се ранети. Според порталот „Газета експрес“, во Минхен настрадале 21-годишниот Дијамант Заберѓа, чија смрт ја потврдил неговиот татко на „Фејсбук“. Претходно, во текот на ноќта се дозна за уште две косовски жртви […]

Обама: Масакрот во Орландо е чин на терор и на омраза

јуни 13, 2016

Американскиот претседател, Барак Обама, го осуди најголемиот масакр во современата историја на САД, во кој 50 луѓе беа убиени во клуб за хомосексуалци во Орландо на Флорида, нарекувајќи го чин на терор и на омраза. – Сега знам доволно за да можеме да кажеме дека тоа е чин на терор и на омраза. Но, никаков акт […]

Сириската војска го уапси Булдожер, озлогласениот убиец на ИД

јуни 2, 2016

Сириската војска објави снимка од уапсениот припадник на Исламска држава, познат под прекарот Булдожер. Како што пренесуваат светските медиуми, џелатот кој ширел страв и кој на видеоснимките се гледа како егзекутира заробеници, е уапсен во Сирија. На снимките што се појавија на интернет, Булдожер е гол до појасот, со рацете врзани зад грб, сместен во товарниот дел […]

Во Париз убиен маж кој со нож сакал да влезе во полициска станица

јануари 7, 2016

Маж вооружен со нож, кој се обидел да влезе во полициската станица во Париз, денеска бил убиен од француската полиција. Полициските служби известија дека напаѓачот на себе носел појас полн со експлозив. Според очевидец, во улицата Гут дор се слушнале две-три пукотници, а потоа улицата била блокирана од полицијата. Според друг очевидец, напаѓачот на себе […]

Млад кичевец избодел свој сограѓанин

ноември 20, 2014

Полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А. (22) од овој град, поради постоење основи за сомневање за обид за убиство. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово, соопшти портпаролот на СВР во Охрид, Стефан Димоски. Кривичното дело е извршено на 18 […]

Страна 1 од 1