Русија напреднала во освојувањето на центарот на Бахмут

Сепак, и шефот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин признава дека нема знаци оти украинските сили кои се борат во западниот дел на Бахмут го напуштаат градот

-

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во најновиот извештај наведува дека Русија најверојатно напредува во борбите за освојување на Бахмут во централното градско подрачје и го зазела западниот брег од реката Бахмутка, пренесува Гардијан.

„Клучната рута за снабдување на Украина кон западниот дел на градот е веројатно сериозно загрозена“, се наведува во овој извештај.

Во него се додава и дека постои реална можност во Бахмут да е подобрена соработката помеѓу припадниците на платеничката војска Вагнер и силите на руското Министерство за одбрана.

Сепак, и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин признава дека нема знаци оти украинските сили кои се борат во западниот дел на Бахмут го напуштаат градот. Тој на Телеграм објави дека не е задоволен од поддршката што ја добива од руските воени сили.

Пред руската воена агресија врз Украина, Бахмут беше гратче во Донецкиот регион со околу 70.000 жители. Руската војска поддржана од платеничката војска на Вагнер веќе неколку месеци се обидува да го заземе Бахмут, а борбите за ова населено место се сметаат за најжестоки од почетокот на воената агресија врз Украина.

Инаку, американските власти почнаа со истрага за протекувањето на доверливи документи на социјалните мрежи за плановите на САД и НАТО во однос на претстојната контраофанзива на украинската армија. За ова пишува „Њујорк тајмс“ во своја статија, повикувајќи се на информации од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Укринформ.

Фотографии со шеми за очекуваното снабдување со оружје на Украина, бројот на војници и други планови неодамна беа објавени на Твитер и Телеграм. САД наводно се обиделе да ги отстранат овие документи, но до вчера вечер обидот бил неуспешен.

„Свесни сме за извештаите за објавите на социјалните мрежи, а одделот го разгледува ова прашање“, изјави портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.

Извештајот на „Њујорк тајмс“ цитира и воени аналитичари кои предупредуваат дека се чини оти некои документи се изменети, а со цел да послужат во кампања за дезинформации од страна на Русија. Во еден документ, смртните случаи на украински војници се надуени, а загубите на руските боишта се минимизирани.

Инаку, францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата официјална посета на Кина го повика својот кинески колега Си Џинпинг да ја „освести Русија“ во однос на Украина и го повика да не испорачува оружје на Москва. Макрон јасно даде до знаење дека се обидува да ја одврати Кина од поддршка на руската воена агресија врз Украина, пренесува Гардијан.

Тој го повика Џинпинг да разговара разумно со Москва, додека кинескиот претседател пак изјави дека е подготвен да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...