fbpx

Светски ден на здравјето: Лекарската комора бара да престане неаргументираниот линч врз лекарите

Лекарската комора преку соопштение по повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето, повикува да се најдат начини да се најдат механизми за редистрибуција на постоечкиот медицински кадар, бидејќи најголема концентрација на лекари има во Скопје, поедноставни политики за вработување во јавното здравство и прекин на линчот врз лекарите, без аргументи

-

Лекарската комора преку соопштение по повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето, повикува да се најдат начини да се најдат механизми за редистрибуција на постоечкиот медицински кадар, бидејќи најголема концентрација на лекари има во Скопје. Исто така, тие повикуваат да се најдат поедноставни политики за вработување во јавното здравство и прекин на линчот врз лекарите, без аргументи.

Според Регистарот на издадени, продолжени и обновени лиценци за работа, во земјава има 9.520 активни докторки лиценци кои се издаваат со период на важење од 7 години, по што се обновуваат согласно законските услови. Минатата година 435 доктори на медицина положиле стручен испит и за првпат се стекнале со лиценца за работа.

„Трендот на миграција на лекарите е присутен, но кај нас поголем проблем е што имаме концентрација на голем број на лекари во Скопје. Доколку се изнајдат механизми за редистрибуција на постоечкиот кадар, значително би се подобрила достапноста на медицински услуги на целата територија во државата. Сериозен притисок за наредниот период прави и старосната структура на лекарите кои сега работат, особено во одредени сегменти на здравствениот систем. За да ги задржиме лекарите во нашата земја особено е важно и да се поедностави политиката за вработување во јавното здравство. На младите лекари неопходно е да им создадеме услови за вработување веднаш по завршување на образованието коишто ќе им гарантираат пристојни приходи, но и олеснување на условите за специјализација, за што се направија некои позитивни промени, но процесот сè уште не е завршен“, се вели во соопштението на Лекарската комора.

Оттаму додаваат дека од голема важност за здравјето на пациентите, работењето на лекарите и за функционирање на системот воопшто, е да престане јавниот линч и осуда на лекарите и здравствените работници без да се има аргументи за тоа.

„Лекарите посветено ги извршуваат своите работни обврски и максимално се залагаат да пружат квалитетна здравствена заштита согласно расположливите услови за работа и искрено се борат за животот на секој пациент. Загубата на пациент е тежок удар за секој лекар, што никогаш не може целосно да се надмине. Треба да се има предвид и дека медицинските состојби во одредени случаи знаат да бидат многу комплицирани, болестите да не се прикажат со типични симптоми, а одговорот кој го дава третманот да не биде како што се очекува“, велат од Комората.

Лекарската комора го поддржува повикот на Светската здравствена организација за преземање на итна акција за регулирање на прашањето со здравствените работници и поставување на овој проблем како стратешки приоритет. Според проценките на СЗО, до 2030 година се очекува да има недостаток на 10 милиони здравствени работници ширум светот, а овој проблем особено ќе е изразен во земјите во развој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...