вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: доктори | 34 резултати

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од болницата „Плодност“ се жртвите во сообраќајната несреќа кај Прилеп

октомври 3, 2024

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од приватната болница „Плодност“. Станува збор за прим. д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска. Тие загинаа во сообраќајна несреќа додека доаѓале на своите работни места од Прилеп. „Изразуваме длабоко сочувство […]

Лекарската комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

септември 26, 2024

Лекарската комора објави листа на доктори кои се носители на важечки лиценци за работа каде граѓаните може да проверат дали одредено лице е носител на лиценца за работа на доктор. Објавените податоци се добиени од Регистарот на издадени, обновени и продолжени лиценци што го води Комората и ќе се ажурира на секои четири месеци со […]

Повик до Германија да го забрза признавањето на квалификациите на странските лекари

мај 21, 2024

На лекарите од странство кои сакаат да работат во Германија треба побрзо да им се признаат квалификациите, соопшти Германското лекарско здружение, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Несомнено постои веројатност за долго чекање или одложување поради сложените процедури за препознавање на квалификациите“, изјави Елен Лундерсхаузен, потпретседател на здружението. Според здружението, бројот на лекари во Германија без […]

Лекарите на Клинички на протест побараа повисоки плати и решавање на хаосот со паркингот

април 8, 2024

„Егзодус на докторите и на медицинските сестри“, „Дали планирате уште некој генијален преглод закон со кој ќе ги намалите работничките права?“, се само дел од транспарентите со кои денеска, околу 200 доктори и медицински сестри од Клинички центар го искажаа својот револт пред зградата на Министерството за здравство, барајќи повисоки плати и подобри услови за […]

Докторите кои апелираат за вакцинација не се „убијци во бели мантили“

март 24, 2024

Објавата шири теорија на заговор, ги жигосува докторите кои апелираат да се спроведе задолжителната имунизација, нарекувајќи ги „убијци во бели мантили“, „платеници на фармакомафијата“ и со заканувачки тон тврди дека „ќе им се суди за геноцид“. Наспроти ваквите напади врз докторите, вакцинацијата на децата е задолжителна и за неа е изготвен Календар за имунизација, кој […]

Годинава стручен испит положиле 440 лекари

декември 27, 2023

Во десет испитни сесии кои биле организирани во текот на годинава стручен испит положија вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање лиценца за работа, соопшти Лекарската комора. Најголем интерес за полагање стручен испит и оваа година имало во декемвриската испитна сесија, кога положиле 232 доктори на медицина. Инаку, докторите на медицина […]

Да престане јавниот линч врз докторите, бара Лекарската комора

април 13, 2023

Потребно е итно носење на посебен Закон за заштита на докторска дејност со кој ќе бидат регулирани правата и обврските на докторите, порача Лекарската комора во својата осуда на јавните вербални напади и навреди врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за сторена лекарска грешка. Ова е втора ваква реакција на Лекарската комора, […]

Светски ден на здравјето: Лекарската комора бара да престане неаргументираниот линч врз лекарите

април 7, 2023

Лекарската комора преку соопштение по повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето, повикува да се најдат начини да се најдат механизми за редистрибуција на постоечкиот медицински кадар, бидејќи најголема концентрација на лекари има во Скопје. Исто така, тие повикуваат да се најдат поедноставни политики за вработување во јавното здравство и прекин на линчот врз лекарите, […]

Д-р Кочоски: Причините за иселувањето на младите лекари се многубројни

март 30, 2023

Несоодветниот медицински едукативен процес, бирокатските процедури за да се отвори ординација, платите кои не се на завидно ниво и немањето финансиска поддршка по завршување на студиите се некои од главните причини кои ги тераат младите лекари и специјалисти да се иселуваат од земјата. Според наоди на Македонското лекарско друштво, за десет години бројот на лекари […]

Со едукативни видеа од доктори, Јутуб ќе се бори против дезинформациите за ковид-19

јануари 15, 2021

Јутјуб работи со врвни здравствени организации со цел создавање едукативни медицински видеа за платформата во обид да се спречат дезинформациите за ковид-19, се вели во објава на Јутуб блогот. Со новиот тим за здравствено партнерство ќе раководи д-р Гарт Греам, новиот директор на Јутуб и глобален шеф на партнерствата за здравствена заштита и јавно здравје. […]

Филипче и Даниловски договорија соработка и формирање советодавно тело за ковид-19 од пензионирани доктори

декември 29, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари средба со Драган Данаиловски на која му се заблагодари на досегашната соработка во надминувањето на пандемијата со ковид кризата и како што соопшти Министерството за здравство, било договорено да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет, со цел анализирање на тековните состојби во […]

Вистиномер: Со видео извадено од контекст се манипулира дека пандемијата на ковид-19 е лажна

октомври 28, 2020

Манипулативна објава врз основа на полувистини, невистини и изјави извадени од контекст, прави обид да создаде лажна перцепција дека пандемијата на ковид-19 не постои и дека смртноста е резултат на нездравите животни навики на луѓето кои умираат од тоа што пушат, земаат лекови и имаат хронични болести, објави Вистиномер. Исклучително вирален пост, споделен над 330 […]

„Надежта, храброста и посветеноста“, трите оружја на младите лекари во борбата против ковид-19

октомври 5, 2020

„Вештините што ги стекнавме како млади лекари во борбата против корона вирусот, беше емпатијата, идејата дека на пациентите не им треба само лекување, туку и надеж“, вели Рина Пурини, една од лекарите на интервјуто за „Порталб.мк“. А токму за ефектите што ги остави пандемијата ковид-19 врз генерациите на млади лекари, разговаравме со Флорент Зендели и […]

Филипче: Пикот ќе биде на крајот на април со околу 2.000 пациенти, најголем проблем се заразените без симптоми

април 5, 2020

Сѐ уште нема случај кога пациент кој бил на респиратор, а му се подобрила здравствената состојба и бил симнат од машина, рече денеска на брифинг со новинарите, директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ. Таа, заедно со министрите Венко Филипче и Дамјан Манчевски, директорот на Клиниката за пулмологија Дејан Докиќ, директорката на КАРИЛ Маја […]

Докторка Елези: Ќе погледнеме кон минатото и ќе чувствуваме задоволство за добиената „борба“ против короната

април 3, 2020

Освен јаката арома на средствата за дезинфекција, во болничките простории во последно време се чувствува и стравот, „аромата“ на одговорност која ние како лекари ја чувствуваме за луѓето и нашата околина, вака докторката Резеарта Елези ја опишува атмосферата во тетовската болница, нагласувајќи дека едвај чека да ја остави во минатото оваа ситуација и да го […]

Лекарите апелираат: Ако не нè заштитат од насилство, ќе прекинеме да даваме здравствени услуги

септември 18, 2019

Со транспаренти на кои пишува „Доста е!“ стотици доктори, сестри и други вработени лица во јавни здравствени установи, во време на паузата од половина час, денеска го искажаа својот револт од насилството што го трпат од пациентите, a кое е зачестено во последните месеци. Медицински персонал имаше пред речиси сите здравствени установи, вклучително и пред […]

Лекарите и медицинските сестри денеска протестираат поради насилството врз нив

септември 18, 2019

Лекарите и здравствените работници денеска ќе протестираат во Скопје, поради неколкуте напади врз доктори и медицински сестри во изминатиот период. Протестот под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“ ќе се одржи пред Клинички центар пред ГОБ 8ми Септември, пред стара Градска болница, пред поликлиниките и Здравствени домови, како и пред ординации, во нивното […]

Д-р Беговиќ: Добро е што новите гаражи ќе ја намалат цената за паркинг на Клинички

август 8, 2019

Ако цената за месечен билет на Клинички центар се намали со изградбата на нови монтажни катни гаражи, тогаш таа одлука е за поздравување, бидејќи тоа е нешто за што ние како синдикат се боревме. Ова за Мета.мк го изјави д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и […]

За смртта на четирите новороденчиња, Комисијата не нашла вина кај медицинскиот персонал

септември 30, 2017

Според Комисијата за стручен надзор на работата на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клинички центар, која ја истражува смртта на четири новороденчиња во една ноќ минатата седмица, станувало збор за проблематични случаи, а сите предвидени постапки биле извршени од медицинскиот персонал. Во извештајот на Комисијата што го достави Министерството за здравство се вели и […]

Штрајк на вработените во грчките болници, локалната управа и контролата на летови

октомври 6, 2016

Бран протести и штрајкови ја зафатија денеска Грција. Под клуч се државните болници и дел од јавната администрација поради протестот на вработените, а откажани се и голем број летови оти на штрајк излегоа и авионските контролори. Вработените во државните болници и итната помош со две кочии и со црни коњи се движат низ центарот на […]

Страна 1 од 2