среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: здравство | 146 резултати

Центар за граѓански комуникации: Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку

ноември 11, 2025

Големите разлики во вредноста на тендерите наспроти дадените услуги, упатуваат на висок ризик од злоупотреби, односно на тоа лековите и реагенсите да не се искористени за пациентите во јавните здравствени установи

EK: Здравството боледува од старите болести – нема доктори, корупцијата царува, пациентите плаќаат

ноември 4, 2025

Финансирањето на јавното здравство во Северна Македонија е зголемено, но системот и понатаму се соочува со хронични слабости – недостиг на медицински кадар, високи трошоци за пациентите и ограничен пристап до услуги, а тоа е еден од секторите кој е најподложен на корупција. Ова е наведено во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на […]

ДЗР: ФЗО нема евиденција за аванси за лечење во странство и не ја следи успешноста на лекувањето

јули 31, 2025

Побарувањата за дадени аванси за лекување во странство нецелосно се евидентирани и не се воспоставени контроли на фактурите од странските болници, што резултирало со тужбени барања од странска болница. Ова е само една од утврдените неправилности која ја нотирале државните ревизори во последниот извештај кој се однесува на финансиските извештаи на Фондот за здравствено осигурување. […]

Министерство за здравство: Гаши е во стабилна здравствена состојба

јули 23, 2025

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. „Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот и веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево. Задржан е на болничко лекување и е под постојан […]

Алиу: Правиме национална стратегија за унапредување на третманот на дијабетичарите и онколошките пациенти

јули 8, 2025

Подготвуваме национална стратегија за унапредување на третманот на пациентите со дијабетес и онколошки заболувања. Мора да креираме систем кој ќе следи и ќе дефинира, со цел навремено и долгорочно обезбедување на потребната терапија, рече вчера Азир Алиу, министерот за здравство, во гостување на ТВ 24. Ова следува откако Сојузот на здруженија на дијабетичари, вчера реагира […]

Клековски: Поканивме лекари од Израел, но нема да дојдат поради војната

јуни 19, 2025

Поканивме лекари-експерти од Израел за повредените во Кочани, но од Израел нема полетувања заради тамошната новонастаната состојба, па тоа ќе се одложи на неодредено време. Ќе дојде од Словенија екперт за ампутации за да се погледнат опции за третман на овие повредени. За да излеземе во пресрет, одобривме контролни ппрегледи во Пирогов, тоа го побараа […]

Министерот за здравство Азир Алиу најави системски реформи во секторот

јуни 15, 2025

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес конференција најави реформирање на здравството. Иако критикуван дека на чело на оваа институција не доаѓа од лекарската фела, новиот министер посочи дека тој треба да е менаџер кој ќе обезбеди систем за успешна работа на сите лекари, со добри инструменти и со отчетност кон граѓаните, а не […]

Колку се заштитени медицинските податоци на пациентите? Активисти бараат да се ограничи пристапот до нив

јуни 2, 2025

Влегувам во ординацијата на докторката на Клиниката за онкологија, за да ми препише терапија. Во ординацијата веќе има пациент, а по мене влегува и трет пациент. Обично има гужва и тие си влегуваат, иако докторите настојуваат да има ред. Секој има различна терапија – некој прима хемо, некој зрачење, некој е на таблетарна терапија. Лекарот […]

ИЈЗ: Ризикот oд ширење на болеста мајмунски сипаници останува низок

мај 26, 2025

Епидемиолозите од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба. Нема нови сомнителни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми […]

Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство не вклучува „прифаќање мигранти“

мај 19, 2025

Не е точно дека во земјава ќе се прифаќаат мигранти и азиланти, а точно е дека дел од парите ќе бидат алоцирани во инфраструктурни проекти во здравството, но не во градење нов клинички центар, туку во доградба и реконструкција на постоечките, пишува „Вистиномер“.  Во продолжение, ви го пренесуваме текстот во целостт: Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која […]

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ со рокада во образованието и во здравството?

мај 13, 2025

Откако министерот за здравство Арбен Таравари вчера ја напушти владината коалиција, денеска сè погласно се зборува за рокада меѓу ресорите на здравство и образование меѓу коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Министерката за образование и накуа Весна Јаневска денеска ниту ги негираше ниту ги поврди информациите дека таа ќе биде министерка за здравство. Таа во изјава […]

Истрага против директорот на Геријатрија, барал 100.000 евра за згрижување на пациент

април 9, 2025

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) информираше дека е донесена наредба за спроведување истрага против две лица за кривично дело Примање поткуп и помагање при извршување на кривичното дело. Првоосомничен во случајот е директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, кој се сомничи дека во периодот […]

Јавното здравство „на апарати“: Ги влече старите хронични болести, а закачи и нови бактерии

јануари 2, 2025

Ресорот здравство изминатата година го мачеа хроничните болести кои веќе одамна ги има, а патем закачи и нови бактерии, му колабираа белите дробови па сега како да функционира „на апарати“. За сите овие болести, сè уште се бара лек. Годината ја одбележаа низа случувања во најважниот ресор во државата (заедно со образованието), меѓу кои епидемија […]

Таравари: Има наши доктори кои работат во странство, но би се вратиле кај нас да работат во јавно здравство

декември 30, 2024

Има заинтересирани доктори кои работат надвор од државата, но бараат гаранции од нас ако се вратат, да бидат вработени во нашите јавни здравствени установи. Затоа размислуваме, секој кој работи во некоја јавна здравствена установа во ЕУ да може веднаш да се вработи кај нас, кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари, на брифингот со новинари. […]

АНАЛИЗА: „Должничка листа“ – само пет државни фирми должат над 300 милиони евра

декември 17, 2024

По државните фирми и јавните претпријатија на локално и на централно ниво, здравството е еден од најзадолжените сектори во државата, со долг повисок од 77 милиони евра. Над 300 милиони евра, пак, должат само пет државни фирми и тоа од два сектора – енергетика и железница, пишува Порталб.мк. Од ЈП формирани на локално ниво, најголем […]

ЕК: При е-здравство се печатат упати, си одат доктори и сестри, здравствените услуги се скапи

октомври 31, 2024

При постоење на систем за електронско здравство, упати на пациентите сè уште им се издаваат на хартија, нема доволно специјалисти, лекарите и медицинскиот персонал заминувaат од јавно во приватно здравство или во странство, трошоците за здравствена заштита што се плаќаат од џеб, се високи… Ова се само некои од забелешките нотирани во последниот извештај на […]

Taравари: Или ќе се прошири „Мој термин“ или ќе има нова дигитализација

август 12, 2024

Министерот за здравство Арбен Таравари, при денешната посета на реновираните простории на Универзитетскиот институт за радиологија, кажа дека дека се работи на проширување на програмата „Мој термин“, или пак, можно е да има нова дигитализација. „Ќе видиме која ќе биде дефинитивната одлука. На Македонија дефинитивно и требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист […]

Триста приватни специјализанти годинава ќе се вработат во јавните здравствени установи

јули 25, 2024

Владата на вчерашната седница ја усвоила информацијата за вработување на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во јавните здравствени установи во државата – триста годинава и уште толку следната. Како што соопштија од Владата, Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две […]

Панел дискусија: Партиската книшка не може да е предуслов за вработување доктори

јуни 12, 2024

Партиската книшка не треба да е најмоќното оружје за младите лекари при вработување, а политиката треба да се оддели од здравствениот систем. Ова беше заклучокот од вчерашната панел-дискусија, на која учествуваа лекари од различни специјалности, а коа беше организирана од граѓанското здружение „Замисли“. Здрaвствениот систем сè почесто потфрла, а речиси секојдневно граѓаните се соочуваат со […]

Ветувања во партиските изборни програми: во здравството ќе тече „мед и млеко“

мај 6, 2024

Од плати по 180.000 денари, преку зголемен број вработувања, до дигитализација, подобри услови за пациентите, нов Клинички центар… Програмите на политичките партии во делот на здравствениот систем на хартија навистина даваат надеж, а за тоа како и дали ќе се спроведат во практика, ќе мора да се почека по изборите, со очекување дека некоја владејачка […]

Страна 1 од 8