Младите лекари добија зелено светло – почнуваат со платената пракса што ја чекаа со месеци

Битката на младите лекари конечно вроди со плод – Министерството за финансии одобри средства за тие да започнат со платената пракса, што го означува стартот на нивните медицински кариери во земјава

-

По три месеци поминати во исчекување и бирократски одложувања, околу 100 млади лекари од оваа недела започнуваат со платена пракса. И покрај тоа што ги завршија студиите, а државниот испит го положија во декември, овие млади доктори со месеци не беа викнати во ниту една здравствена установа во земјава на задолжителната пракса што мора да ја поминат ако сакаат да продолжат да се усовршуваат, односно да се запишат на специјализација.

После шест години редовни студии и шест месеци поминат стаж за полагање државен испит, овие младите здравствени работници беа оставени во агонија и загриженост за нивната иднина. Секојдневно тропаа на вратите на институциите и чекаа одговор од Министерството за здравство, од каде претходно информираа дека испратиле барање до Министерството за финансии и чекале одговор од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) поради предизборниот период.

Младите лекари реагираа и дека дополнителен проблем е што специјализацијата се запишува во септември, и практично, ако не почнат со пракса месецов, правото да се запишат на специјализација ќе им биде одземено бидејќи септември е точно за шест месеци.

Нивната битка конечно вроди со плод – Министерството за финансии го потпиша предметот со кој се одобруваат финансии за овие лекари да започнат со платената пракса. Со ова, тие добија зелено светло да ги започнат своите медицински кариери.

„После еден месец консултирања и разговори со надлежните институции, и по нашето излагање во медиумите, од Министерството за здравство нè информираа дека нашиот предмет е потпишан од Министерство за финансии, односно финансиите се одобрени за започнување на платената пракса. Благодарни сме на поддршката од Министерството за здравство со испраќање на барањето за решавање на  проблемот по итна и неодложна постапка поради моменталната состојба со техничката влада“, вели за Мета.мк д-р Ивана Балоска.

Д-р Симона Георгиевска, која исто така беше меѓу младите лекари кои се соочуваа со предизвикот, вели дека очекуваат веќе од денес да бидат повикани и распределени во здравствените институции. Комисијата за имунизација веќе побарала дел од нив да почнат со пракса на вакциналните пунктови поради епидемијата со пертусис.

„Списоците од Министерство за здравство се испратени до сите здравствени домови во државата и очекуваме веќе од понеделник да нè повикаат и да почне нашата распределба во Здравствените домови“, вели д-р Георгиевска.

д-р Ивана Балоска (лево) и д-р Симона Георгиевска (десно) – дел од младите лекари кои се залагаа за платената пракса што им следува со закон на нивните колеги

Овие здравствени работници велат дека се задоволни од исходот на нивната борба, но апелираат Министерството за финансии да даде одобрение и за нивните колеги кои државниот испит го положиле во јануари, за и тие непречено да почнат со платена пракса.

„Во иднина оваа платена пракса треба да биде поадекватно организирана со нејзино навремено започнување, исто така треба да има мотивирање на младите лекари со овозможување на можности за вработување, соодветна плата, едукација, напредок, како и желба за останување и професионален развој во нашата држава“, вели д-р Балоска.

Додека траеше макотрпната битка, младите лекари реагираа дека, доколку не се најде решение за нивната ситуација, ќе бидат принудени да ја напуштат државата и да заминат некаде каде нивните труд и знаење ќе се ценат повеќе.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...