fbpx

Пожар избувна утрово во куќа во Охрид

Навремената интервенција спречила пожарот да се прошири на останатите објекти кои биле во близина

-

Пожар рано изутринава избувна во куќа во охридската населба Кошишта. Пламените јазици ги гаселе седуммина пожарникари со четири противпожарни возила, од територијалната противпожарна единица од Охрид.

Навремената интервенција спречила пожарот да се прошири на останатите објекти кои биле во близина.

Во меѓувреме, од Центарот за управување со кризи информираат дека во последното деноноќиле добиле пријави за шест пожари, во Трубарево, Берово и во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...