fbpx

Панел дискусија: Партиската книшка не може да е предуслов за вработување доктори

Здрaвствениот систем сè почесто потфрла, а речиси секојдневно граѓаните се соочуваат со проблеми во болниците, клиниките и во другите здравствени установи низ земјата, се напомена на вчерашната дебата

-

Партиската книшка не треба да е најмоќното оружје за младите лекари при вработување, а политиката треба да се оддели од здравствениот систем. Ова беше заклучокот од вчерашната панел-дискусија, на која учествуваа лекари од различни специјалности, а коа беше организирана од граѓанското здружение „Замисли“.

Здрaвствениот систем сè почесто потфрла, а речиси секојдневно граѓаните се соочуваат со проблеми во болниците, клиниките и во другите здравствени установи низ земјата. Од друга страна, младите лекари и останатите медицински лица, масовно замининуваат да работат во странство. Од оваа година, тој пат им е уште попривлечен со олеснетите околности за преселба во Германија.

Ако пред 20 години во земјава имало 18.000 лекари, сега има 6.000 бидејќи возрасните заминуваат во пензија, а младите – од државата.

Д-р Бојан Трајковски од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), вели дека платата не е најголемата причина за таквите миграции.

„Според сè она што сме го виделе, платата не е најголемата причина за заминување. Би рекол дека најголемиот проблем се административните потешкотии и неизвесноста, дали ќе завршат 6 месечна пракса која е предуслов за специјализација, дали навремено ќе добијат диплома за да се вработат и дали вработувањето ќе биде со партиско влијание или не, и секако оној дел со дискреционо право на директорите кое никако не треба да биде предуслов за вработување“, рече Трајковски.

Тој вели дека нема единство кога станува збор за создавање национална стратегија кон која ќе цели здравството, а која би ја следеле и потпишале сите партии.

Александра Цветановска од Македонското здружение на млади правници, исто така говореше на панелот за правниот аспект на проблемот со партиско вработување.

„Многу често слушаме дека законот е добар, но дека нема добра имплементација. Во овој случај, законот е лош. Законот дозволува директорот да одлучува по лична волја и да вработува лица кои можеби не ги исполнуваат критериумите и немаат квалификации. Законот има бројни слабости и недоследности, не е целосно усогласен со европските директиви и овозможува широки овластувања на директорите што може да се злоупотребуваат“, вели Цветановска.

И покрај партиските вработувања, таа укажува дека има многу малку постапки за прекршувањата на правата на здравствените работници, а тоа се должи на стравот од тоа, дали ќе им бидат раскинати договорите за работа и дали во иднина ќе имаат работа во здравството.

Во дебатата учествуваа и д-р Никола Брзанов од Универзитетскaта клиника ТОАРИЛУЦ и д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсиколгија. Беќаровски во својот говор посочи дека во неговата кариера имало период кога се вработувало по реална ранг-листа, но тоа се случувало во деведесеттите години на минатиот век. Поранешниот министерот за здравство Арбен Таравари, пак, кажа дека во регионот имаме најдобро приватно здравство, а најлошо јавно здравство.

„Како е тоа можно кога истите лекари се, во приватното преминуваат лекари од јавното здравство. Значи, до организацијата е“, рече Таравари.

Тој кажа дека ако биде министер за здравство, една од првите заложби ќе му биде за повторно спојување на Клиничкиот центар во Скопје, а додаде и дека би ѝ задал удар на партизацијата, при што истакна и дека е спремен да си замине ако не успее во овие свои свои заложби.

На панел-дискусијата свои обраќања имаа и евроамбасадорот Дејвид Гир, како и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

Светски ден на здравјето: Пред 20 години имало 18.000 лекари, сега има околу 6.000

Мета.мк неодамна пишуваше дека младите лекари си заминуваат во странство, поточно, дека сè повеќе млади почнуваат да работат на нашите клиники, но потоа си заминуваат. Ако пред 20 години имало околу 18.000 лекари, сега има околу 6.000, рече тогаш д-р Горан Димитров од Клиниката за гинекологија и акушерство.

Тогаш прашавме и професори во училишта за странски јазици, кои предаваат германски јазик, за тоа дали работат со медицински кадар. М-р Кате Димитриевска, професорка и преведувачка по германски јазик од приватното училиште за странски јазици „Стархаус“, посочи оти најмногу работи со медицински сестри, рентген техничари и лекари. Како што таа кажа, уште при крај на средното образование младите почнуваат со изучување на германскиот јазик со цел веднаш по завршувањето да се преселат и работат во Германија.

Задолжителното ниво на познавање на јазикот е Б1 и без тоа медицинарите не можат да добијат работна виза. За да се стекнат со нострификација, мора да добијат најмалку Б2, но тоа најчесто го прават во Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...