fbpx

Поголеми плати за 3.000, 2.500 и за 2.000 денари добиваат вработените во јавните здравствени установи

Владата ги овласти и директорите, односно в.д. директорите на јавните здравствени установи, да ги потпишат поединечните колективни договори, со кои се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за плата за месец март 2023 година

-

Покачувањата од 3.000 денари, 2.500 денари и 2.000 денари ќе добијат сите вработени во јавните здравствени установи, одлучи Владата на последната седница. Оттаму информираат дека министерот за здравство Фатмир Меџити ќе го потпише Анексот со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со што се овозможува зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството.

„Владата на Република Македонија ги овласти и директорите, односно в.д. директорите на јавните здравствени установи, да ги потпишат поединечните колективни договори, со кои се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за плата за месец март 2023 година“, наведено е во соопштението од Владата.

На 20 март, синдикатите од здравство кои неколку часа пред најавениот протест, беа на средба во Министерството за здравство, постигнаа договор. Според договореното, бруто покачување со мартовската плата од три илјади денари требаше да имаат сите сестри, а две илјади денари за сите останати од помошно-техничкиот персонал, администрација и доктори. Со тоа, 11 илјади вработени во здравството се изедначуваат со минималната плата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...