Синдикатот на Клинички бара регулирање на платите, во спротивно најавува тужби и протести

Освен зголемување на платите кои треба да бидат достоинствени за сите во здравството, Синдикатот бара спојување на Клинички до крајот на годината, избор на раководители и вработени според стручност и специјализации каде што треба

-

Алармантна е состојбата во јавното здравство доколку ги имаме предвид платите на здравствените работници, проблемите со специјализантите, поставеноста на Клиничкиот центар и вработувањето партиски кадри. Ова денеска го порача Синдикатот на Клинички центар на кој му се приклучи и Иницијативниот одбор на независниот докторски синдикат наречен „Хипократ“.

Претседателот на Синдикатот на Клинички, Предраг Серафимовски на прес-конференција рече дека очекуваат со августовската плата да има усогласување со минималната и дека во спротивно се можни протести. Барањата ги испратиле до министерот за здравство Фатмир Меџити, Фондот за здравство и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

„Според минималната плата, никој во државата не смее да има под минимална плата, 20.175 денари, кај нас тоа не е така. До четврта група на сложеност, луѓето кај нас, тие кои се најзагрозени групи, добиваат од 15.900 до некаде 17-18.000 плата. Тоа, според закон, е кривично дело“, изјави Серафимовски.

Тој најави дека се можни и приватни и колективни тужби против Фондот за здравство и министерството, а дека во консултации со членството, може да почнат и протести.

„За жал, во изминатиот период, посебно ние како лекари и дипломираните сестри сме крајно незадоволни од нивната активност, така што се договоривме заедно со синдикатот, во најкраток период, некаде до почеток на септември, да се организира заеднички состанок со Лекарската комора, со Комората на сестри и со Македонското лекарско друштво, каде сите овие проблеми за што, ние, како иницијативен одбор, веќе пишувавме да се стават на маса, еднаш засекогаш да се разрешат“, рече на прес-конференцијата професор доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

Беќаровски рече дека, ако се нашле пари за судиите и за функционерите, би требало да се најдат и за здравството. Тој ја поздрави идејата без согласност на Министерството за финансии да може да се пополнуваат испразнетите места во здравството – нешто што министерот Меџити го најави пред два дена.

„Ако и овој пат повторно бидеме изиграни, на крај приказната ќе биде, сите коишто створиле некое име во државава, ќе прејдеме во приватното здравство. Сите имаме понуди, секој момент можеме да прејдеме, а младиве колеги ќе ја напуштат државата“, истакна Беќаровски.

Освен зголемување на платите кои треба да бидат достоинствени за сите во здравството, Синдикатот бара спојување на Клинички до крајот на годината, избор на раководители и вработени според стручност и специјализации каде што треба.

Беќаровски додаде дека смета оти директорот на Клинички центар треба да го бира Владата, но раководители да бидат вработени на клиниката со минимум 20 години искуство.

Според него, од „вечерни школи“, резултатот е неквалитетен кадар.

„Во моментов се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин, квалитет нема. Верувајте, има сестри коишто не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети“, рече Беќаровски.

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...