fbpx

Лажни фотографии и текст прикажуваат непостоечка јапонска министерка

Во самата објава никаде не е наведено дека се работи за фотографии генерирани со помош на вештачка интелигенција. Напротив, тие се објавени со текст кој тврди дека станува збор за јапонска министерка за здравство, што е неточно

-

Лажен текст постиран под фотографии направени со вештачка интелигенција ја убедува јавноста дека Јапонија имала министерка за здравство, која е прикажана во многу провокативна позиција, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, на која се прикачени неколку фотографии од жена со длабоко деколте, се тврди дека на нив е прикажана министерката за здравство на Јапонија. Ова не е точно, фотографиите се креирани со апликација за вештачка интелигенција.

OVOA E MINISTERKAT ZA ZDRAVSTVO VO JAPONIJA I USHTE NE VI E JASNO ZOSHTO JAPONCITE POSLE PENZIJATA ZIVEAT PO 20-30 GODINI. A VO EU PEDOLESBO NARKOSITE GI VODAT TIE MINISTERSTVA KAKO SKORO I SEKADE NA BALKANOT.

Објавата која е предмет на оваа рецензија тврди дека жената прикажана на три провокативни фотографии, со разголено деколте е јапонска министерка. Но ова не е точно, жената нема апсолутно никаква врска со јапонската влада.

Прво нешто, по кое што може да се познае дека објавата е манипулација, е тоа што Јапонија нема министерка за здравство туку има министер односно на таа функција е маж. Имено, на чело на Министерството за здравство, труд и благосостојба се наоѓа Като Кацунобу кој ја извршува оваа функција од 10 август 2022 година.

Технолошкиот развој, кој ни го олеснува животот во многу точки, исто така се користи за злонамерни цели. За да се добијат овие фотографии употребена е алатка со технологијата на вештачка интелигенција, и потоа со тие фотографии се манипулира јавноста да поверува во нешто што не е вистина.

Фотографијата за кратко време брзо ја споделија многу луѓе на социјалните мрежи вклучително и на социјалните мрежи и во Македонија, сите измамени од тврдењето дека се работи за јапонска министерка а всушност станува збор за фотографија добиена со вештачка интелигенција.

Алатките за вештачка интелигенција, можат да создадат фотореалистични слики од природни поставки и луѓе, кои се полни со детали и тешко се разликуваат од реалните слики.

 

Како функционираат генераторите на слики?

Новата техника за генерирање слики со вештачка интелигенција користи невронски мрежи (колекција на компјутерски симулирани неврони, моделирани врз невроните на човечкиот мозок, кои се дизајнирани да препознаваат обрасци), за генерирање, усовршување и подобрување на сликите врз основа на внесување текст од корисникот.

Моделот е „обучен“ од база на слики и системите ќе продолжат да ја усовршуваат генерираната слика, водена од внесувањето текст. Како резултат на тоа, се создава висококвалитетна и контекстуално релевантна слика по голем број чекори за усовршување на сликата.

Патем, во самата објава никаде не е наведено дека се работи за фотографии генерирани со помош на вештачка интелигенција. Напротив, тие се објавени со текст кој тврди дека станува збор за јапонска министерка за здравство, што е неточно. Како што веќе напишавме, во Јапонија министерот за здравство е маж, а не оваа провокативна девојка. Па така, објавата ја манипулира, односно измамува јавноста да поверува во нешто што не е вистина.

Експертите за дезинформации предупредуваат дека вака создадените фотографии се предвесници на нова реалност: бранови од лажни фотографии и видеа кои ги преплавуваат социјалните мрежи, особено по големи настани и случувања.

Заради сето ова, оценуваме дека на овој пост му недостасува контекст, односно објаснување дека фотографиите не се автентични, туку дека се производ на вештачка интелигенција. Освен преку фотографијата се манипулира и со текстот кој тврди нешто што е лага и невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...