fbpx

Сопственикот на „ДоказМ“ бара изземање на обвинителот Рајчев од постапката во Апелација

Стаменковски тврди дека соработувал со Рајчев на дел од предметите за кои му се суди, односно вели дека добивал информации од него

-

Изземање на јавниот обвинител Сашо Рајчев од постапката побара денеска сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски, на јавната седница во Апелациониот суд Скопје.

Набргу откако започна седницата за првостепената пресуда за Стаменковски, кој беше осуден на три години и еден месец затвор за повеќе кривични дела, истата се прекина. Причина за прекинот беше што сопственикот на „ДоказМ“ побара да се изземе обвинителот Рајчев од Вишото јавно обвинителство, кое е надлежно да го застапува предметот пред второстепениот суд.

Стаменковски тврди дека соработувал со Рајчев на дел од предметите за кои му се суди, односно вели дека добивал информации од него.

„Барам да се изземе почитуваниот обвинител поради судир на интереси, бидејќи, според мои сигурни информации, лицето Сашо Рајчев има праќано информации кои што се дел од предметите за што ме судите, но и за предмети за кои претседателот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, има барано извинување од мене, но и за други предмети“, рече Стаменковски.

Обвинителот Сашо Рајчев ги негираше тврдењата и рече оти не го познава Стаменковски.

„Во поглед на искажаното барање, со оглед дека претставува законски основ за поднесување тужба за клевета, ќе наведам дека обвинетиот ниту го знам, ниту го познавам, ниту некогаш сме комуницирале со него на кој било начин и денеска искажаните наводи во целост се невистина. Воедно ќе кажам и тоа дека ниту сум го читал порталот преку кој објавувал текстови, за кои денеска е обвинет, со оглед да немам профили на социјалните мрежи, ниту сум го следел на друг начин“, рече Рајчев.

Согласно Законот за кривична постапка, по поднесеното барање за изземање на јавен обвинител од определено обвинителство, одлучува претпоставениот – раководител на тоа обвинителство, или во случајов Мустафа Хајрулахи.

По донесувањето на одлуката, јавната седница треба да продолжи.

На сопственикот на порталот „ДоказМ“ му е изречена затворска казна во траење од три години и еден месец. Покрај ова, тој доби забрана од 10 години за регистрирање интернет-портал во земјава. Стаменковски се товари за пет кривични дела – две кривични дела ширење расистички и ксенофобичен материјал и по едно дело уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

За кривичното дело злоупотреба на лични податоци, Стаменковски доби казна од 5.000 евра.

Три години затвор за сопственикот на „Доказ“ и 10 години забрана да отвора портал во земјава

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...