fbpx

Ќе се додадат нови лекови на позитивната листа, најави Владата

Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗО не е ажурирана веќе 15 години, надлежните најавуваат дека лековите кои се застарени ќе се заменат со нови

-

Здравствен приоритет на Владата е деблокирањето на процесот на воведување на нови лекови на позитивн листа, кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), па затоа ќе обезбедиме механизми за навремен и соодветен пристап до современи, висококвалитетни лекови и медицински помагала. Ова денеска го најавија од Владата.

Инаку, листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗО не е ажурирана веќе 15 години и неопходно да се прочисти, а надлежните најавуваат дека лековите кои се застарени ќе се сменат со нови.

„Денеска во Владата се одржа состанок на кој присуствуваа министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменичката на министерот за здравство Маја Манолева, советничката за здравство на премиерот, професор д-р Ана Данева-Маркова, претставници на Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за лекови и медицински средства, претставници од фармацевтските компании, дел од стопанските комори во земјава. Се разговараше за можни решенија за ажурирање на позитивната листа на лекови како и за изнаоѓање на одржливо трајно решение со цел поефикасно задоволување на потребите на граѓаните“, пишува во соопштението од Владата.

На денешниот заеднички состанок во Владата било разговарано и за можностите за ефикасна и ефективна координација на сите чинители, за да се подобрат здравствените и фармацевтски политики во земјава во интерес на граѓаните.

Следната недела ќе се формира Комисија за позитивната листа.

На средбата одговорните разгледувале и Правилник за начинот и методологијата за утврдување и донесување на листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗО, кој бил донесен во март годинава.

Последните измени во овој Правилник овозможуваат склучување на специјални договори со кои ќе се овозможи влез на повеќе иновативни лекови за сите пациенти на кои им се неопходни, а истовремено ќе може да се предвиди и заштити здравствениот буџет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...