fbpx

Седумдесетгодишник силувал единаесетгодишно девојче

„Осомничениот на седумдесетгодишна возраст извршил полово дејствие врз единаесетгодишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови“, информираат во Обвинителството

-

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 5 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на седумдесетгодишна возраст извршил полово дејствие врз 11 годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови“, информираат во Обвинителството.

Оттаму информираат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставил предлог за определување повеќе мерки на претпазливост.

„Мерките се забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање патна или друга исправа на осомничениот за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање, забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски со детето/жртва, забрана за одржување часови на други деца и забрана за посетување на домот на семејството на детето жртва“, наведено е во соопштението на ЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...