fbpx

Јапонија на Охрид му донираше комунално возило вредно 60.000 евра

„За овој проект посебно сме горди оти возилото ќе придонесе за намалување на загадувањето на древното и убаво Охридско езеро“, рече амбасадорот Оцука Казуја

-

Јапонскиот народ на општината Охрид ѝ донира комунално возило вредно 60.640 евра, соопштија од Јапонската амбасада во земјава. Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја, присуствувал на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во општина Охрид, која ја организирал градоначалникот Кирил Пецаков и директорот на јавното комунално претпријатие „Нискоградба“, Александар Трпеноски.

„Со овој проект, Јапонија овозможи Охрид да добие Toјота комунално возило за чистење на канализационата мрежа. Имајќи ја предвид нашата заложба за заштита на животната средина, оваа донација доаѓа во вистински момент“, изјави градоначалникот.

Амбасадорот Казуја кажа дека ова е шести по ред проект во Охрид.

„За овој проект посебно сме горди оти возилото ќе придонесе за намалување на загадувањето на древното и убаво Охридско Езеро“, рече тој.

Директорот на јавното комунално претпријатие „Нискоградба“, Александар Трпеноски изјави дека донираното возило веќе еден месец е пуштено во употреба и дека успеало да санира приближно 200 дефекти во канализационата мрежа од кои голем дел се во стариот дел на градот, кој е специфичен терен за работа.

Вкупната донирана сума од народот на Јапонија од 1996 година е 8,9 милиони евра, соопштија од амбасадата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...