fbpx

Утре протест во Битола по смртта на шестгодишната Јана

Протестот е закажан во 19 часот, а според објавите на социјалните мрежи, целта е да се насочи вниманието кон состојбите во македонското здравство и вината да не се насочува кон родителите, туку одговорноста да се бара на вистинското место

-

Утре на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе се одржи мирен протест „Правда за Јана“, за да им се даде поддршка на родителите на шестгодишното девојче кое минатата недела почина во битолската болница. Според она што родителите на Јана го изјавија за дел од медиумите, девојчето имало симптоми на настинка и претходно немало никакви здравствени проблеми. Тие тврдат дека нивната ќерка била погрешно терапирана во битолската болница.

Протестот е закажан во 19 часот, а според објавите на социјалните мрежи, целта е да се насочи вниманието кон состојбите во македонското здравство и вината да не се насочува кон родителите, туку одговорноста да се бара на вистинското место.

Шестгодишното девојче почина во средата на детскиот оддел во клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“. Резултатите од обдукцијата која треба да ја утврди вистинската причина за смртта, сè уште не се готови.

Во петокот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) по извршениот надзор во болницата, излезе со соопштение и хронологија, во која се тврди дека немало недостатоци (од аспект на надлежностите на ДЗСИ) во третманот на девојчето.

Според соопштението на ДЗСИ, девојчето починало од срцев застој, а во извештајот хронолошки е наведено што се случувало завчера, кога девојчето било примено на одделот за педијатрија. Здравствените инспектори извршиле увид во медицинската евиденција и документација која се водела на одделението во рачна и во електронска форма и обезбедиле изјави од дел од здравствените работници кои учествувале во лекувањето и третманот на девојчето.

Таткото на Јана, пак, за неколку медиуми изјави дека на девојчето ѝ бил измерен покачен шеќер во крвта со вредност 9, но и покрај тоа, во болницата добило инфузија со гликоза, по што вредностите на шеќерот во крвта се качиле на 19, а како резултат на тоа нејзината состојба нагло се влошила, по што починала.

ДЗСИ не утврдил пропусти од негова надлежност за смртта на шестгодишната Јана

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби управните и надзорните одбори во битолските јавни претпријатија

Продолжуваат политичките препукувања во Советот на општина Битола. Со гласовите на советниците од СДСМ, на независната листа „Поинаку“ и на Левица, вчера доцна вечер беа разрешени членовите на управните...
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
free download udemy course
download micromax firmware
Premium WordPress Themes Download
free download udemy course