fbpx

Утре припадниците на ЛГБТИ да бидат помалку видливи, апелира Хелсиншкиот комитет

Во случај на напад или закани во автобуси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Излезете без збор на следната станица и пријавете во надлежни институции. Во случај на физички напад гласно барајте помош. Штом сте на безбедно веднаш пријавете, апелираат во Хелсиншки

-

Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на утрешниот протест, апелираат во соопштение од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Апелот за заштита и безбедноста на ЛГБТИ лицата, доаѓа по најавата за утрешниот протест на МПЦ-ОА, кој е насочен кон новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента кој е застапен во предлог-Законот за родова еднаквост.

„Загрижени од енорминиот раст на пријави на инциденти и вербални напади и закани како онлајн, така и во физичкиот простор во последните денови, а предизвикани од вжештената атмосфера околу дискусијата на верските институции поврзана со носењето на законите за родова еднаквост и матична евиденција, ви се обраќаме со апел и совет за ваша и наша лична безбедност и добросостојба“, наведено е во соопштението.

Во него стои дека како граѓанско општество остануваат посветени на градење на општествена кохезија и надминување на раздорот и застапување за помирување меѓу нашите граѓани.

„Остануваме да бидеме гласни и посветени во борбата за еднаквост и демократија, но најважно е да останеме живи и здрави за да можеме да продолжиме да ја остваруваме нашата визија за Македонија како земја на еднакви права и можности за сите граѓанки и граѓани“, пишува во соопштението.

Оттаму советуваат припадниците на ЛГБТИ заедницата нивните поддржувачи, утре да избегнуваат да се движат на просторот на кој се одржува протестот.

„Да избегнувате да носите обележја кои асоцираат на ЛГБТИ заедница во јавен простор. Движете се низ осветлени и фрекветни улици и простори. Секогаш имајте мобилен телефон при рака, за да во случај на каков било инцидент – веднаш да ја контактирате полицијата. Во случаи на вербални напади и провокации, останете смирени и тивки и брзо упатете се кон место каде што има повеќе луѓе. Во случаи на вербални напади во такси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Побарајте да слезете на првото погодно место и напуштете го возилото во молк. Веднаш потоа пријавете го возачот во такси компанијата, а инцидентот до надлежните институции. Во случај на напад или закани во автобуси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Излезете без збор на следната станица и пријавете во надлежни институции. Во случај на физички напад гласно барајте помош. Штом сте на безбедно веднаш пријавете“, апелираат од Хелсиншкиот комитет.

Случаите на напади, закани, агресии и вознемирување, велат оттаму, припадниците на ЛГБТИ заедницата можат да ги пријават во Хелсиншкиот комитет за човекови права на 9 до 15 часот на 02/3119073, а по 15 часот, на телефонскиот број 078/734217.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...