Антикорупциската комисија го обвини Груби за оркестриран притисок

Антикорупциската комисија има капацитет да се избори со вашите оркестирани напади, му порачаа од комисијата на вицепремиерот Артан Груби, откако тој вчера во гостување на ТВ Сител изјави дека не верува во капацитетот на актуелниот состав на ДКСК

-

Антикорупциската комисија има капацитет да се избори со вашите оркестирани напади, му порачаа од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на вицепремиерот Артан Груби, откако тој вчера во гостување на ТВ Сител изјави дека не верува во капацитетот на актуелниот состав на ДКСК.

„Деновиве ја отфрлија пријавата против мене во ДКСК на поднесокот на ВМРО-ДПМНЕ. Огромно мнозинство од случаевите се или изгубени по административни постапки или отфрлени од судиите и се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен. Нема ниту еден успех. Јас на времето ги интервјуирав и очекував повеќе. Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките“, рече Груби во неговото гостување.

На ова, од ДКСК потсетуваат дека четири години по ред во Извештајот на Европската Комисија (ЕК) за напредокот на земјата, комисијата добива позитивни оценки за нивната проактивност и отворање случаи против високи функционери, што е директна потврда за оправданоста на работењето.

„Зачудува фактот што оваа оценка на ЕК како највисоко тело на ЕУ, Вие не ја признавате и изнесувате неосновани обвинувања, а истовремено се залагате за брз влез во ЕУ. Во право сте г. Груби, Антикорупциска нема капацитет да се вози во службени возила 24/7 и за приватни цели, да злоупотребува државни простории, да користи репрезентација и службени платежни картички, ниту да се расфрла со буџетски пари, но бидете уверени дека има капацитет да ги исполни своите законски обврски и надлежности и да изработи бројни иницијативи и препораки кои сеуште чекаат ред и време за да се постапи по нив“, се вели во соопштението на Антикорупциската комисија.

Од ДКСК додаваат дека квалификациите за капацитетите на Комисијата од страна на висок функционер од Владата на РСМ за кој има отворено предмет, не е ништо друго туку вршење притисок врз работата на Комисијата и оркестриран обид за дефокусирање на јавноста.

„Ова дотолку повеќе што неодамна Кабинетот на вицепремиерката за добро владеење ја обвини Комисијата за паушални и неосновани обвинувања поврзани со предметот за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, иако на прес-конференцијата на ДКСК такво нешто не беше споменато, а вицепремиерот за евроинтеграции на билатералниот скрининг за образование култура и спорт побара од претседателката да не ја известува ЕК за поднесената тужба за клевета од страна на директорот за млади и спорт, Наумче Мојсовски“, велат од комисијата.

Во февруари годинава ДКСК отвори предмет за имотот на вицепремиерот Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство.

Неодамна, Антикорупциската комисија отвори предмет за проектот за изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10д за којшто е потпишан Договор со „Бехтел и Енка“, а по објавите во медиумите околу постапката на изборот на фирмите за надзор. За истото, предмет по допрен глас отвори и Јавното обвинителство. Координатор за изградбата на коридорите е токму Груби.

Претходно пак, поради сомневања дека вицепремиерот Артан Груби ги користел службените простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците за партиски цели, ДКСК најави дека ќе упати укажување до заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет...

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Младинскиот образовен форум (МОФ) соопшти дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори...

Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Две новороденчиња - близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.   Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле...

Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става...

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест...