fbpx

Над 1000 институции не доставиле податоци за службени возила согласно Изборниот закон

Пријавувањето на возилата се прави со цел да нема злоупотреби на службени возила за партиски цели за време на изборната кампања, но ДКСК нема можност да покрене прекршочни постапки за оние институции кои не го почитуваат Изборниот законик

-

Државната комисија за спречување на корупцијата ја објави листата на институции кои не ја исполниле законската обврска за доставување на податоци за моторните возила со кои располагаат, ниту доставиле информација дека не располагаат со службени возила.

Станува збор за 1069 институции, меѓу кои и Град Скопје, Министерството за политички систем, Министерството за животна средина, за образование, за надворешни работи, за правда, финансии, транспорт и врски, голем број здравствени домови и општини…

Согласно со член 8-б став 2 од Изборниот законик, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, се должни во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори, до Државната комисија заспречување на корупцијата да достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат.

Согласно член 8-б став 5 од Изборниот законик, доколку тие не ги достават податоците, Државната комисија за спречување на корупцијата покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците.

„Имајќи во предвид дека постои правна празнина, односно во Изборниот законик не се предвидени прекршочни санкции за непочитување на наведената обврска, ДКСК нема можност за покренување на прекршочни постапки по овој основ“, велат од ДКСК.

Инаку, пријавувањето на возилата се прави со цел да нема злоупотреби на службени возила за партиски цели за време на изборната кампања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...