Судскиот совет ќе ги испитува обвинувањата на австрискиот амбасадор кој обвинува за корупција во судски случај

Амбасадорот обвинува дека фирма од Австрија, која има побарување од 4,5 милиони евра од македонска фирма и времена мерка за забрана за отуѓување на нејзиниот имот, ја отуѓува својата сопственост на фирми блиски до експремиерот Зоран Заев

-

Судскиот совет на работна средба донел заклучок да ги провери наводите на австрискиот амбасадор во земјава, Георг Вуцас, кој вчера преку австриската амбасада побара смена на судии и обвинители кои постапувале во спор меѓу австриска и валандовска компанија и обвини дека Австријците не можат да наплатат долг од 4,5 милиони евра, иако за тоа постои пресуда на Меѓународниот арбитражен суд во Виена.

„Од содржината на примениот допис, членовите на Советот на работен состанок констатираа дека поголемиот дел од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор, кој се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек. Во содржината на дописот, амбасадорот истакнува сомнеж дека спорот се води под надворешни влијанија. Наводите во известувањето ќе бидат проверени од страна на кооординаторите на Основниот суд во Гевгелија и Апелациониот суд во Скопје, со непосреден увид во списите на предметот, дејствијата преземени од страна на судовите и евентуално донесените одлуки. По направените посети и увид, Судскиот совет ќе изготви извештај, по што ќе продолжи со преземање на конкретни дејствија за следењето на предметот, внимавајќи да не влијае на одлуките на судот“, известија од Судскиот совет.

Инаку, австриската амбасада објави дека компанијата АММА со седиште во Хоенемс, Австрија, која дистрибуира земјоделски производи, со арбитражата има побарувања во износ од 4,5 милиони евра од фирмата „Дена продукт“. Но, како што тврдат оттаму, судското постапување во земјава од неколку месеци, до 6 јуни годинава, кога Граѓанскиот суд донел одлука во корист на австриската фирма и со која се замрзнал имотот на валандовската фирма, било доволно во овој период имотот да се префрла од фирма на фирма.

„Една од фирмите, преку која се испумпува имотот на фирмата должник, е во сопственост на Емилија Заева Костова, братучетка на Зоран Заев и сопруга на самиот должник Атанас Костов од Валандово“, наведе амбасадата на Австрија.

Според австриската амбасада, станува збор за злоупотреба од страна на нотари, извршители и судски функционери, кои се под влијание на фирмата должник.

Амбасадорот во писмото наведува дека е зачуден како може да се манипулира со катастарот и Централниот регистар и посочува како дури се организираат јавни наддавања за имотот кој треба да е замрзнат и го најавува скорешното наддавање што се организира за стакленик. Таму амбасадорот вели дека и лично ќе присуствува, на јавната аукција во Кавадарци.

Експремиерот Зоран Заев, кој се споменува во писмото, во контекст на тоа дека неговото семејство стои зад валандовската фирма, се јави со реакција и најави дека ќе го тужи австрискиот амбасадор. Тој изјавил дека целосно се оградува од инволвираност од спорот и тврди дека следното споменување на неговото име, ќе значи и тужба против амбасадорот. Заев најави и дека за „ваквото однесување на амбасадорот ќе ги извести австриското МНР и Владата на Австрија“.

Од друга страна, пак, претседателот Стево Пендаровски денеска рече дека амбасадорот Георг Вуцас не навлегува во внатрешните работи на Македонија, туку ги штити интересите на приватните бизниси од неговата држава, нешто што според него, е легитимна обврска на секој амбасадор.

„Го следам случајот, прочитав коментари дека можеби е мешање во внатрешни работи. Не станува збор за мешање во внатрешни работи, се работи за легитимна обврска на секој амбасадор. И нашите амбасадори кога се надвор имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на граѓаните, не само на државните институции“, изјави Пендаровски.

Случајот со должничко-доверителните односи тешки над 4 милиони евра прв го обелодени неделникот Фокус кон почетокот на месецов. 

Зеленски повика на дополнителни санкции врз Русија по најновиот напад врз Киев

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска изјави дека само дополнителни санкции можат да ја принудат Русија да прифати примирје, по нападите на руски дронови и ракети врз Киев во кои беа повредени...

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за iPhone телефоните доколку не се произведени во САД, бидејќи го засили притисокот врз Apple да го изгради својот потписен...

Основнотото јaвно обвинителство ја обжали одлуката за куќен притвор за Васев и за Нухи

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”, соопштија денеска оттаму. „Јавниот обвинител е незадоволен од...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Зеленски повика на дополнителни санкции врз Русија по најновиот напад врз Киев

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска изјави дека само дополнителни санкции можат да ја принудат Русија да прифати примирје, по нападите на руски дронови и ракети врз Киев во кои...