fbpx

„Ќе се сретнеме ние двајца каде што живееш“ – ЗНМ со осуда за заканите врз новинарот Огнен Јанески

И овие што се јавуваат и што те поддржуваат, те дигаат до небо, ќе те соборат. Истите тие пак. Ти благодарам за тужбата што ќе ми ја поднесеш. А ќе се сретнеме ние двајца и на друго место, кај што живееш ти, му се заканил гледачот на Јанески

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира и ги осудува јавните закани, говорот на омраза кон сите новинари и медиумски работници и кон новинарот Огнен Јанески кои биле упатени од страна на гледач во две контактни емисии на 27 јуни на ТВ24. Како што информираат оттаму, во текот на вчерашното издание на емисијата „Во тек“, која што е од контактен формат, анонимен гледач изнел закани за тепање на сите новинари од телевизиите, што претставува говор на омраза кон целата новинарска фела, медиумски работници и телевизии вооопшто.

„Истото лице преку дополнително јавување во попладневната емисија Очи в Очи, вербално му заканил на колегата Огнен Јанески со зборовите: „И овие што се јавуваат и што те поддржуваат, те дигаат до небо, ќе те соборат. Истите тие пак. Ти благодарам за тужбата што ќе ми ја поднесеш. А ќе се сретнеме ние двајца и на друго место, кај што живееш ти“, чин што претставува загрозување на неговата безбедност“, наведено е во соопштението на ЗНМ.

Ваквата постапка, оценуваат во ЗНМ, е крајно недозволива и е директен притисок и закана за безбедноста на новинарите и медиумските работници, но и врз слободата на говорот. Случајот го пријавиле до надлежен јавен обвинител и бараат Основното јавно обвинителство да спроведе брза истрага за ваквите случаи да бидат санкционирани веднаш.

„Овој вид коментари можат да предизвикаат страв кај новинарите и медиумските работници и да ја загрозат нивната безбедност преку поттикнување на насилство. Крајно време е да се сфати сериозноста на ваквиот вид вербални напади и да се стави крај на несанкционираното однесување на одредени претставници на јавноста“, пишува во реакцијата на ЗНМ.

Според законските измени на Кривичниот закон од февруари 2023 во делот за загрозување на сигурноста предвидуваат нов квалификуван облик, кој освен повисоки казни за повреда на овие права на новинар или друг медиумски работник или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи, обвинителството ќе постапува по службена должност.

„Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години“, се додава во соопштението на ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...