вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: говор на омраза | 189 резултати

Со огледала, испратена силна порака против говорот на омраза

9 декември 2025

Акцијата „Огледало“ е јавна уметничка интервенција, чија цел е да ја поттикне личната и општествената свест за говорот на омраза. Поставени во централниот градски простор на малиот сквер кај Ким во порта Буњаковец, три големи огледала ја канат публиката да застане, да се огледа и да размисли за сопствените зборови, навики и ставови. „Наместо да […]

Во Македонија, на Инстаграм и Фејсбук меѓуетничката омраза добива најмногу „лајкови“, се мразат и жените

2 декември 2025

Отсуството на одговорност овозможува говорот на омраза да опстанува и да ги продлабочува поделбите и непријателството, наведено е во заклучокот на извештајот

„Исклучи го говорот на омраза“: Герила инсталација со силна порака во Скопје

12 септември 2025

Во центарот на Скопје, на малиот сквер кај Ким, денеска беше поставена нова уметничко-активистичка инсталација под наслов „Исклучи го говорот на омраза“. Главниот елемент е огромен прекинувач со димензии 100x200x150 см, симболично претставен како копче кое граѓаните можат да го притиснат за да го „исклучат“ говорот на омраза. Оваа активистичка инсталација, која е поставена на […]

Дали и вие ги сретнавте STOP знаците низ Скопје со пораката „Стоп за говорот на омраза“?

5 септември 2025

Во урбаниот ритам на секојдневието, често не сме свесни како говорот на омраза го нарушува нашиот заеднички простор – не само во комуникацијата, туку и во социјалниот и емоционалниот живот на заедницата. Токму на ова прашање одговара новата уметничка интервенција во јавен простор, која преку визуелна и симболична форма го поставува прашањето: Колку далеку дозволуваме да нè однесе говорот […]

Симболите како оружје на омразата – меѓу национализмот и достоинството

4 септември 2025

На 31 август, во самото срце на Широк Сокак во Битола, млад Албанец од Шведска беше принуден да ја соблече маицата што ја носеше откако група млади лица го нападнаа. На маицата имаше орел, симбол кој за едни претставува идентитет и гордост, а за други провокација и причина за омраза. Чувствувајќи се небезбедно, човекот ја […]

Молкот на институциите ја поттикнува омразата во Македонија, потребни се строги санкции за националистички и расистички повици

8 август 2025

За организациите што го следат говорот на омраза во Северна Македонија загрижувачки е фактот што не реагираше ниту еден од високите политички функционери присутни во салата каде што беа упатени навредливи и националистички повици против Албанците за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Северна Македонија и Романија. Експертите за политичка комуникација апелираат за нула толеранција за […]

Условна казна и забрана за влез за Германец кој ширел омраза пред натпреварот Шкендија–Карабах

7 август 2025

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“  од член 319 од Кривичниот законик. Пријавениот на 05.08.2025, непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабах“, со истакнување и […]

МВР ќе реагира на говор на омраза при спортски натпревари

6 август 2025

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски клубови, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот. […]

Говорот на омраза како пречка – урбана акција што ги судира граѓаните со проблемот

31 јули 2025

Во поларизирано општество како нашето, говорот на омраза сè почесто станува дел од секојдневието. Тој не го нарушува само комуникацискиот и социјалниот простор, туку и создава невидлива бариера помеѓу луѓето. Пречка за разбирање, доверба и заеднички живот. Токму на ова прашање одговара новата уметничка интервенција во центарот на Скопје, која симболично ја претставува штетата од […]

Говорот на омраза води во ќор сокак

31 јули 2025

Колку далеку нѐ носи говорот на омраза – и дали нѐ враќа назад? На ова прашање одговараат пораките поставени кај „Зегин“ Буњаковец, кои случајните минувачи ги читаат. На импровизирани атлетски препреки, испишани се пораки – „Говорот на омраза ја попречува нормалната комуникација“, „Говорот на омраза ја блокира вистината“, „Сензационализмот може да води кон погрешни заклучоци“, […]

Во Скопје одржана дебата по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница: „Од говор на омраза до геноцид“

3 јули 2025

Со дебата под наслов „Лекција од Сребреница: Од говор на омраза до геноцид“, синоќа во Скопје беше одбележана 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница. Настанот, организиран од група граѓански организации, се одржа во Инокс – Иновативен центар на Градскиот плоштад, како дел од поширока иницијатива за едукација и сеќавање која ќе трае низ целиот […]

Инцидентите од говор на омраза најчесто се предизвикуваат од младите

4 февруари 2025

Пишува: Симона Паскоска Бројот на инциденти предизвикани од говорот на омраза во 2023 година е поголем од бројот во 2024 година, покажуваат извештаите направени од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тие покажуваат и дека жртвите и сторителите на ваквите инциденти се најчесто млади лица. Според извештајот за 2023 година, од јануари до декември […]

Поднесено обвинение против четири лица за предизвикување омраза

6 декември 2024

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа. За четворицата на кои во текот на претходната постапка […]

Жените со јавни позиции во РСМ лесно се мета на говор на омраза

25 ноември 2024

И покрај видливиот напредок во борбата за правата на жените, нивната поголема застапеност во политиката и поизразеното присуство на темите што ги засегаат жените, тенденциите за изразување презир и навреди кон жените продолжуваат да постојат. Конкретно, мета на овој напад се жените, кои поради својата професија се сè повеќе експонирани во јавноста, што најмногу се […]

Од инбокс до насловна страница: Медиумите дополнително го разгоруваат говорот на омраза

25 ноември 2024

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, на својот профил на Фејсбук објави дека добил смртна закана преку службен мејл. За помалку од половина ден, медиумите го пренесоа неговиот статус заедно со говор на омраза и тоа во насловите на своите текстови, пишува Порталб.мк. Не е првпат медиумите без да бидат претпазливи и критички […]

Избришан графитот „Мртов Шиптар“ на ѕидот пред Уставниот суд

2 ноември 2024

По пријавувањето од Порталб.мк избришан е графитот со говор на омраза на етничка основа на кој пишуваше „Мртов Шиптар“.  Овој натпис што поттикнува насилство беше напишан на ѕидот од зградата пред Уставниот суд на Северна Македонија во Скопје. За овој проблем од Уставниот суд изјавија рекоа дека ќе пријават до надлежните институции, иако натписот не […]

„Мртов шиптар“: Порака на омраза пред очите на Уставниот суд во Скопје

30 октомври 2024

Натпис со говор на омраза на етничка основа на кој пишува „Мртов Шиптар“ стои на ѕидот од зградата пред Уставниот суд на Северна Македонија во Скопје. Во ова зграда каде што има неколку канцеларии се наоѓа и канцеларијата „Еден пункт за услуги“ на Министерството за дигитална трансформација, пишува Порталб.мк. Од Кабинетот на министерот за дигитална […]

Говор на омраза и поделби на етничка основа во антиалбанска кампања на социјалните мрежи

15 септември 2024

На социјалните мрежи Инстаграм и Твитер во Македонија во тек е кампања на етничка основа која повикува на бојкот на маркетите „Кипер“ и „Кит го“ само поради тоа што нивните сопственици се Албанци. Кампањата изобилува со екстремни пораки на етничка, религиска и национална основа според кои причината за бојкотирање на овие маркети е заради тоа […]

Музика и омраза: Како една песна предизвика етнички тензии на студентска забава во Скопје

20 јули 2024

Студентска забава во Скопје пролетва доби неочекуван пресврт кога пуштањето на албанска песна при крајот на настанот предизвика полемики и говор на омраза на социјалните мрежи. И покрај инклузивниот карактер на организацијата што брои членови од различно етничко потекло, националистичката група наречена „Патриотско друштво“ на Инстаграм, која себеси се претставува како „млада амбициозна група од […]

Еквалис: Омраза, смртни закани и повици за линч за летната школа за ЛГБТИ+ млади и сојузници

16 јули 2024

Со омраза, закани по живот, повици за линч и истерување од град се соочило Здружението за едукативен развој Еквалис по објавениот повик за учество на Летната школа за ЛГБТИ+ млади и стрејт/цис-родови сојузниц(чк)и. Преку отворено писмо до јавноста, здружението ја раскажува голготата низ која поминале нивните членови при организирањето на школата во Кратово, чија цел […]

Страна 1 од 10