fbpx

Денот на ОН одбележан со дијалог за дезинформации, дискриминација и лажни вести

Дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза беа само дел од темите на Годишната конференција на Обединетите нации која денеска се одржа во Скопје под името „Слобода, еднаквост и правда за сите“

-

Дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза беа дел од темите на Годишната конференција на Обединетите нации која денеска се одржа во Скопје под името „Слобода, еднаквост и правда за сите“.

Конференцијата има за цел да промовира дијалог за да се изнајдат подобри начини за справување со дискриминацијата, погрешните информации, дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза помеѓу претставници од Собранието, Владата, институциите за човекови права, академската заедница, медиумски работници, граѓанското општество, ОН и партнерите кои ѝ даваат поддршка на земјата кон нејзиниот забрзан напредок кон Целите за одржлив развој и пристапувањето кон Европската Унија.

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на конференцијата истакна дека заедно со сајбер безбедноста, овие прашања се дел од хибридните закани и опасности со кои се соочуваме сите и дека во глобалната индустрија на лажни вести и нашите фарми за производство на лаги станаа светски познати.

„Сериозноста на овие прашања, особено кога им се осврнуваме од аспект на човековите права, е навистина длабока. Лагите со кои се демонизира одредена општествена група, а кои се споделени во виртуелниот простор, честопати резултираат со нанесени штети во физичкиот простор. Од брутална дискриминација и прекршени основни права, маргинализација, се до насилни дела сторени од омраза, па и со одземени или длабоко нарушени човечки животи. Токму овој аспект на проблемот, мора да ни биде главниот мотив за справување со овој тип на опасност“, рече Грковска.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на панел дискусијата „Справувањето со дискриминацијата како двигател за развој“ како дел од годишната конференција на ОН.

Фото: МТСП

Таа во своето обраќање зборуваше за одговорностите на Министерството за труд и социјална политика и за неговите надлежности истакнувајќи дека еднаквоста, недискриминацијата и социјалната правда се приоритет. Таа посочи дека во време кога развиена е вештачката интелегенција и во време кога е во подем технолошкиот развој, општеството сеуште нема доволно капацитет да живее во духот на толеранцијата и прифаќањето.

Тренчевска рече дека главните решенија на предизвикот со дискриминацијата е подигање на свеста и негување на култура на почитување уште од најрана возраст.

„Сепак, според мене клучното решение е работа со децата уште од најрана возраст односно промената на начинот на воспитување. И тука не мислам на промена на нашите традиционални вредности, ниту воспитување кое пркоси на семејните вредности, туку воспитување кое носи прифаќање, поддршка и еднаквост“ истакна Тренчевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...