четврток, 11 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: дискриминација | 141 резултати

Прв случај на родово заснована дискриминација поради ин витро оплодување

30 декември 2024

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го утврди првиот случај на родово заснована дискриминација врз работничка од приватниот сектор, поради нејзината намера да забремени преку ин витро оплодување. Работничката, која две години работела за приватен работодавач, го информирала за својата планирана бременост и побарала боледување за ембриотрансфер. Работодавачот ѝ изрекол отказ без отказен рок […]

Законските измени за основно и средно оставаат простор за дискриминација, предупредуваат експертите

15 ноември 2024

Од Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД), минатата недела преку писмена реакција изразија загриженост заради можноста за усвојување на предлог-закони за основно и средно образование, кои според нив, ќе значат назадување, наместо унапредување на заштитата на учениците од дискриминација и насилство во образовниот процес. Како што оттаму наведуваат, во предлог-законите за основно и средно образование, […]

Расправа во Уставниот суд – Апасиев се жали дека бил дискриминиран од Талат Џафери

3 октомври 2024

Во Уставниот суд денеска се одржува јавна расправа по поднесено барање за заштита на слободите и правата од страна на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев. Апасиев наведува дека е дискриминиран по основ на политичка припадност како пратеник, од страна на Талат Џафери кој тогаш ја извршувал функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Во […]

КСЗД: Доцни ангажирањето образовни асистенти за учениците со попреченост

4 септември 2024

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) апелира до Министерството за образование и наука (МОН) да ја почитува обврската за обезбедување на правото на образование за секое дете без дискриминација и бара навремено да се осигура разумно прилагодување согласно индивидуалните потреби на секој ученик, добивање на соодветна индивидуализирана поддршка, како и поддршка на наставниците […]

Номинирана посебна јавна обвинителка која ќе следи предмети за омраза и дискриминација

8 јуни 2024

Врз основа на заклучоците од средбата одржана на 20 мај, со претставници од невладиниот сектор, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, донесе одлука да номинира еден јавен обвинител од ОЈО Скопје задолжен да го следи постапувањето во предметите за кривични дела од омраза и дискриминација, информира ОЈО. „Номинирањето на јавната обвинителка […]

Двојно зголемен бројот на претставки до Комисијата за антидискриминација

21 мај 2024

Во 2023 година двојно се зголемил обемот на работа на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во споредба со 2022, покажува Годишниот извештај на комисијата. Сексуалната ориентација, националната или етничка припадност, родовиот идентитет, но и политичкото уверување сѐ уште се најчеста основа за дискриминација. „Во споредба со 2022 година, бележиме тренд на намалување […]

Вештачката интелигенција може да дискриминира: Зошто сè уште не е ефективна во донесувањето одлуки?

14 април 2024

Успехот на ChatGPT и другите интелигентни апликации создаде впечаток во јавноста дека сега човечките обврски ќе бидат значително олеснети и во иднина сè ќе биде автоматски, без да се свесни за проблемите што ги имаат овие програми и колку лесно можат да донесат погрешни одлуки. Со оглед на тоа што вештачката интелигенција несомнено ќе остане […]

Контраспин: „Некаквите т.н. родови политики“ се меѓународни стандарди за основни човекови права

13 април 2024

Врз основа на Истанбулската конвенција потпишана од Р. Македонија во 2011 година, а ратификувана во 2018 година, како и врз основа на Уставот и еден куп други закони, меѓу кои и оние за спречување на дискриминација, до ден денешен се носат измени на законодавството и државата ги усогласува своите правни рамки и практики со современиот […]

Примањето само на вакцинирани деца во градинките не е дискриминација, туку заштита на здравјето

16 февруари 2024

Објавата што е предмет на оваа рецензија тврди дека забраната за носење на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки, всушност е дискриминација, угнетување и понижување на децата и родителите. Но ова не е точно. Вакви мерки се носат за заштита на индивидуалното здравје како на невакцинираните деца така и на останатите деца кои се […]

Мрежа за заштита од дискриминација: Советот на јавни обвинители да се извини за навредите кон КСЗД

17 јануари 2024

Мрежата за заштита од дискриминација бара од членовите на Советот за јавни обвинители да се извинат за навреди кон Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а во исто време бара да преземе мерки за заштита од родова дискриминација во институцијата. „На 95-та седница на Советот на јавни обвинители, одржана на 11 јануари, се дискутираше […]

Советот на јавни обвинители не ѝ се извини на Ленче Ристоска за утврдената дискриминација

12 јануари 2024

Иако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) препорача поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, а сега член, Антонио Јолевски да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска за дискриминација, тоа не било сторено на вчерашната седница на Советот, иако се дискутирало за таа точка. За случајот извести Коалицијата „Сите за правично судење“, […]

Мрежа за заштита од дискриминација: Членовите на КСЗД да се бираат непристрасно

23 декември 2023

Претставниците на Мрежата за заштита од дискриминација, денеска (сабота 23.12.23) одржаа прес конференција и упатија апел до пратениците кога ќе гласаат за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) тоа да биде непристрасно и во корист на граѓаните заради кои и постои оваа институција. Од таму најавуваат дека ќе поднесат претставка до […]

КСЗД: Обвинителката Ристоска е дискриминирана, Советот на јавни обвинители да ѝ се извини

14 декември 2023

Поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, а сега член, Антонио Јолевски треба писмено да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска за дискриминација, во рок од 30 дена од приемот на мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Ова е препораката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) која утврди […]

ЛГБТ активизмот во Русија прогласен за екстремистички – одлука на Врховниот суд

1 декември 2023

Рускиот Врховен суд вчера пресуди дека ЛГБТ активистите треба да бидат означени како „екстремисти“, потег за кој ЛГБТ заедницата стравува дека може да доведе до апсења и до гонења, пренесува Ројтерс. Судијата претседавач објави дека го одобрил барањето на Министерството за правда да го забрани, како што го нарече, „меѓународното социјално движење ЛГБТ“. Овој чекор, […]

Студија: Евидентен расизам и дискриминација на луѓето од црната раса во ЕУ

26 октомври 2023

Во студија спроведена за расизмот врз црната раса низ 13 земји на ЕУ, Европската агенција за фундаментални права (FRA) во средата соопшти дека Германија се рангира најлошо во многу области, пренесува новинската агенција ДПА. Приближно 77 проценти од испитаниците во Германија изјавиле дека биле дискриминирани во последните пет години поради бојата на кожата, нивното потекло […]

Дискриминираните студенти уште ги чекаат покачените стипендии, но на МОН не му се брза

26 октомври 2023

Молк од Министерството за образование и наука (МОН) во однос на ветувањето, но и обврската да им ги доисплати разликите во висината на стипендиите на студентите што беа дискриминирани. Иако поминаа две години откако државата изврши индиректна дискриминација врз нив, оштетените студенти сè уште не ги добиле зголемените износи. Првата исплата на разликата требаше да […]

Европскиот суд за човекови права утврди повреда на права и дискриминација на лица од ромска припадност

25 октомври 2023

Донесена е пресуда од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во случајот „Мемедова и другите против Северна Македонија“, каде на четири лица од ромската етничка заедница им било повредено правото на слобода на движење и забраната за дискриминација од страна на граничните служби. Лицата биле жртви на незаконската пракса која ја применувале од МВР, во […]

Денот на ОН одбележан со дијалог за дезинформации, дискриминација и лажни вести

24 октомври 2023

Дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза беа дел од темите на Годишната конференција на Обединетите нации која денеска се одржа во Скопје под името „Слобода, еднаквост и правда за сите“. Конференцијата има за цел да промовира дијалог за да се изнајдат подобри начини за справување со дискриминацијата, погрешните информации, дезинформациите, лажните вести и говорот […]

Светски ден на ментално здравје: „Има денови кога најголем напор ми е да ја измијам косата“

10 октомври 2023

Да се има анксиозност и депресија е како да се биде исплашен и изморен во исто време. Да ти е страв од неуспех, но да го немаш нагонот да бидеш продуктивен. Да сакаш пријатели, ама да не сакаш да се социјализираш. Да сакаш да си сам, а да не сакаш да си осамен. Да се […]

Да се биде хомосексуалец сè уште е табу во голем дел од германското општество

29 септември 2023

Да се биде хомосексуалец и понатаму е табу во голем дел од германското општество, вели поранешниот градоначалник на Берлин, Клаус Воверајт, пренесува германската новинска агенција ДПА.  Воверајт, познат по тоа што на времето ја даде изјавата „јас сум геј и тоа е добра работа“, наведе во средата за радиото Рбб 88.8 дека некои работи последниве […]

Страна 1 од 7