fbpx

Европскиот суд за човекови права утврди повреда на права и дискриминација на лица од ромска припадност

Донесена е пресуда од Европскиот суд во случајот „Мемедова и другите против Северна Македонија“, каде на четири лица кои се припадници на ромската етничка заедница им било повредено правото на слобода на движење и забраната за дискриминација од страна на граничните служби

-

Донесена е пресуда од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во случајот „Мемедова и другите против Северна Македонија“, каде на четири лица од ромската етничка заедница им било повредено правото на слобода на движење и забраната за дискриминација од страна на граничните служби.

Лицата биле жртви на незаконската пракса која ја применувале од МВР, во периодот од 2011 до 2016 година, со која на лицата од ромската етничка заедница честопати им бил забранет излез од државата, без законска основа.

Македонското здружение на млади правници, во соработка со тим од адвокати и со Европскиот центар за правата на Ромите обезбедуваа правна помош на овие лица за водење на постапки пред домашните судови.

Со оваа одлука практиката на државните органи која погрешно се оправдуваше како заштита на штотуку воспоставениот безвизен режим, доби и квалификација од ЕСЧП како дискриминаторска.

МЗМП и граѓански организации укажуваа дека практиката е спротивна на меѓународните стандарди и особено на домашното законодавство. Барањата на организациите за прекин на практиката и обесштетување на оштетените не беа прифатени на време и сега повторно државата се наоѓа во фокус на ЕСЧП како држава која не ги штити правата на своите граѓани

ЕСЧП утврди дека жалителите, сите од ромска етничка припадност, се соочиле со дискриминација од граничните полицајци. Пресудата нагласува дека таквата дискриминација е кршење на основните човекови права. Покрај дискриминацијата, прекршено им било и правото на слобода на движење.

Судот утврдува дека тие биле издвоени исклучиво поради нивната ромска етничка припадност.

Во одлуката беше забележано дека дејствијата на службениците и органите за гранична контрола немаат какво било објективно или разумно оправдување.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...