недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Европски суд за човекови права | 26 резултати

ЗНM: Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков

април 6, 2022

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков, а пресудата од Стразбур доаѓа откако домашните судови претходно пресудија дека уредничката на „Фокус“ Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов треба да му платат над 9.000 евра штета на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков за изнесена клевета и навреда, […]

Судот на правдата на ЕУ – децидно за независноста на судството

јануари 7, 2021

Пред повеќе од две години во т.н. објаснувачки скрининг Европската комисија на Македонија ѝ презентираше кои се барањата на правото на ЕУ за независноста на судството. Во тој преглед имаше малку од она што се нарекува „тврдо“, па и „меко“ право на Унијата. Тоа беа главно нови одредби воведени во примарното право по Лисабонскиот договор […]

Полицијата малтретирала двајца Роми во 2014, Судот во Стразбур пресуди земјава да исплати отштета

ноември 9, 2020

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на двајца Роми, кои во 2014 година биле малтретирани од страна на полицијата во Скопје. Двете лица, кои тогаш имале 16 односно 13 години ќе добијат надомест на штета во износ од 7.500 евра поединечно, објави Европскиот центар за права на Ромите, кој ги застапуваше двете […]

Судот во Стразбур пресуди против Северна Македонија за повреда на слободата на изразување

ноември 4, 2020

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во септември 2020 година донел пресуда, со која ѝ се наложува на Република Северна Македонија да му исплати надомест на штета во висина од 3.000 евра на Никола Гелевски, поради повредено право на слобода на изразување, објави „Окно.мк“. Пресудата на ЕСЧП е поврзана и се однесува на случајот во […]

Европскиот суд за човекови права со пресуда против Македонија за прекршување на правата на луѓе кои употребуваат дроги

октомври 27, 2020

На 22 октомври годинава, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донел пресуда против нашата земја, со која утврдил дека државата го прекршила правото на приватност на две лица со откривање на нивните медицински податоци на полицијата, информираат од Коалиција Маргини и Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. „Пресудата се однесува на случај од […]

До крајот на годинава би бил готов нацрт-нов Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

септември 4, 2020

Ангажираниот експерт од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) месецов ќе ја предаде првичната верзија на анализата за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за правда. Во изминатиов период биле реализирани интервјуа со судии од Основниот граѓански суд во Скопје и Основниот суд во […]

Корона кризата ја одложи до септември изработката на новиот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

мај 24, 2020

Наместо до крајот на мај како што беше претходно предвидено, Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) ја одложила до крајот на септември изработката на анализата за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за правда. – Тоа е согласно методологијата за работа на експертот, кој […]

До мај ќе се анализира примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

април 1, 2020

Експерт ангажиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) до крајот на мај треба да изготви анализа за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со посебен акцент на релевантните меѓународни документи и анализа на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, информираат од Министерството за правда. […]

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Макрадули во врска со судењето со Мијалков

јули 19, 2018

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) денеска донесе една пресуда за две жалби во случајот на Јани Макрадули против Република Македонија и две одлуки со кои како несоодветни ги отфрли жалбите на Емрана Хасани против Република Македонија и на Исмет Бајрамовски против Република Македонија. Со тоа ЕСЧП донесе пресуда според жалбата на Јани […]

Судот во Стразбур ѝ пресуди 9.500 евра обесштетување на ПОА на Вранишковски

ноември 16, 2017

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска донел пресуда во полза на Православната охридска архиепископија (ПОА) на Јован Вранишковски, а Република Македонија ќе мора да исплати 9.500 евра обештетување на ПОА, извести Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. Со пресудата се констатира дека со одбивањето на надлежните во Македонија да се […]

Европски суд: Легитимно е враќањето на азилантите во Хрватска

јули 26, 2017

Австрија и Словенија можат легитимно да ги враќаат во Хрватска барателите на азил што стигнале на нивна територија преку Хрватска во екот на мигрантската криза, одлучи денеска Европскиот суд за човекови прави. Судот заклучил дека во овој случај се применува Даблинскиот договор, според кој земјата на ЕУ во која барателот на азил прво влегол, треба да го […]

Кежаровски: Четири години откако ме уапсија и малтретираа Врховниот суд се уште молчи

мај 28, 2017

Пред четири години на денешен ден полицијата упадна во домот на новинарот Томислав Кежаровски и го уапси за оддавање на идентитет на заштитен сведок во текст напишан во 2008 година. „Цел вод припадници на специјалната полиција вооружени со автоматски пушки, со пиштоли и бомби, како најозлогласен криминалец со лисици на рацете ме извадија од дома. […]

Одлуката на Стразбур е потврда дека сериозно се прекршува слободата на изразување

февруари 10, 2017

„Одлуката на Европскиот суд за човекови права е црно на бело – потврда дека во Македонија се прекршува правото на слободно изразување. Тоа е ноторен факт утврден од релевантен суд“, вели Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија, за одлуката на судот во Стразбур да пресуди во корист на новинарите што беа исфрлени од собраниската […]

СДСМ: Пресудата на Стразбур е доказ дека власта на Груевски ги прекрши Уставот и законите

февруари 9, 2017

Со пресудата на Судот во Стразбур се потврди дека на 24 декември 2012 година, Владата предводена од Никола Груевски изврши грубо прекршување на законите и на Уставот на Република Македонија, се вели во соопштението на СДСМ по повод пресудата на Европскиот суд за човекови права во корист на новинарите кои физички беа отстранети од собраниската […]

ЗНМ: Во Стразбур победи правдата за новинарите

февруари 9, 2017

Здружението на новинарите на Македонија денеска ја поздрави одлуката на Европскиот суд за човекови права за случајот „Селмани и други против Република Македонија“, поврзана со настаните од 24 декември 2012 година или т.н. „црн понеделник“, кога новинарите беа насилно избркани од галеријата на Собранието на Република Македонија. „Пресудата на Европскиот суд констатира повреда на две права […]

Стразбур одлучил во корист на новинарите кои беа исфрлени на „црниот понеделник“

февруари 9, 2017

Европскиот суд за човекови права и слободи одлучил во корист на новинарите Насер Селмани, Наташа Стојановска, Фросина Факова, Снежана Лупевска, Билјана Богдановска и Тони Ангеловски, кои физички беа отстранети од собраниската седница за време на носењето на буџетот на 24 декември 2012 година. Новинарите побарале отштета од 5.000 евра секој, при што Владата ги оспорила овие […]

НСДП: Одлуката на ПССЕ за избор на Илиевски за судија во Стразбур е повеќе од скандалозна

октомври 12, 2016

Одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за изборот на Јован Илиевски за нов судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од Македонија за НСДП е повеќе од скандалозна, реагираат денеска од партијата. Оттаму велат дека Илиевски своето искуство го градел во систем и во област која во извештајот на Прибе е […]

Новиот судија во Стразбур се правда, а за Најчевска одлуката е „срамна и бедна“

октомври 12, 2016

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вчера со 106 гласа „за“ го избра шефот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Јован Илиевски, за нов судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур од Македонија. Уставната судијка, Нашата Габер-Дамјановска, на која Комисијата за избор на судии пред 10 дена ѝ даде […]

ПССЕ избира судија од Македонија за Европскиот суд за човекови права

октомври 11, 2016

Во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска ќе се гласа за избор на судија од Македонија за Европскиот суд за човекови права. Парламентарците од 47 земји-членки на Советот на Европа, попладнево ќе треба да изберат меѓу Наташа Габер-Дамјановска, Јован Илиевски и Звоимир Јанкуловски. Претходно Комисијата за избор на судии при ПССЕ, ги разгледа кандидатурите […]

Бегалци ја тужат Македонија за прекршување на човекови права

септември 16, 2016

Осуммина бегалци од Сирија, Ирак и од Авганистан поднесоа тужба против Македонија во Европскиот суд за човекови права. Поддржани од две германски невладини организации, Европски центар за уставни и човекови права (ECCHR) и адвокатската организација „Про асил“ (Pro Asyl), бегалците ја тужат Македонија за прекршување на човековите права и за насилно однесување кон нив, по […]

Страна 1 од 2