ЗНМ: Во Стразбур победи правдата за новинарите

-

Здружението на новинарите на Македонија денеска ја поздрави одлуката на Европскиот суд за човекови права за случајот „Селмани и други против Република Македонија“, поврзана со настаните од 24 декември 2012 година или т.н. „црн понеделник“, кога новинарите беа насилно избркани од галеријата на Собранието на Република Македонија.

Пресудата на Европскиот суд констатира повреда на две права гарантирани со Европската конвенција за човековите права и тоа: правото на слобода на изразување од член 10 и правото на фер судење од член 6 од Конвенцијата. Оваа пресуда е прва со која се утврдува повредата на слободата на изразување и е многу важна за демократијата и за владеењето на правото во Република Македонија. Истовремено, пресудата е и победа на новинарската заедница, која покажа дека за правда секогаш вреди да се бориме. Правдата можеби е бавна, но секогаш победува“, стои во соопштението на ЗНМ.

Од здружението нагласуваат дека пресудата придонесува и во Македонија да се создаде правна култура и да се афрмира принципот на почитување на основните човекови права и слободи.

„Оваа пресуда претставува доказ дека институциите во Република Македонија потфрлија во исполнување на својата основна задача, да ги штитат и да ги промовираат човековите права“, додаваат од ЗНМ.

Оттаму информираат дека сите детали околу пресудата ќе бидат презентирани на прес-конференција, која ќе се одржи утре, во 11 часот, во Клубот на новинари.

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна...