fbpx

Стразбур одлучил во корист на новинарите кои беа исфрлени на „црниот понеделник“

-

Европскиот суд за човекови права и слободи одлучил во корист на новинарите Насер Селмани, Наташа Стојановска, Фросина Факова, Снежана Лупевска, Билјана Богдановска и Тони Ангеловски, кои физички беа отстранети од собраниската седница за време на носењето на буџетот на 24 декември 2012 година.

Новинарите побарале отштета од 5.000 евра секој, при што Владата ги оспорила овие барања како неосновани и прекумерни. Судот одлучил на секој жалител да му бидат исплатени по 5.000 евра врз основа на нематеријална штета.

Судот во Стразбур одлучил дека во овој предмет постои повреда на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на слободата на изразување, како и на членот 6, кој се однесува на правото на фер сослушување.

Во членот 6 од Конвенцијата, на кој се повикуваат новинарите жалители до Стразбур, се вели дека секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични обвиненија против него.

Во членот 10 од Конвенцијата се вели дека секој човек има право на слобода на изразувањето. Според Конвенцијата, ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и на пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и за телевизија, да им наметнуваат режим на дозволи за работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...