НСДП: Одлуката на ПССЕ за избор на Илиевски за судија во Стразбур е повеќе од скандалозна

-

Одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за изборот на Јован Илиевски за нов судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од Македонија за НСДП е повеќе од скандалозна, реагираат денеска од партијата.

Оттаму велат дека Илиевски своето искуство го градел во систем и во област која во извештајот на Прибе е нотирана како една од „најчувствителните“, со сериозни системски недостатоци, каде назначувањето, унапредувањето и разрешувањето на судии и на обвинители е резервирано за „тие што го фаворизираат политичкиот естаблишмент во Македонија“.

„Одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за судија во Европскиот суд за човекови права од Македонија да биде избран Јован Илиевски, баџанак на „првиот полицаец“, е повеќе од скандалозна ако се знае дека судот своите темели ги има во Европската конвенција за човековите права, која претставува гаранција за граѓанските и за политичките права… Политичката инструментализација на судството и на обвинитеството е константа во сите извештаи на Европската комисија и на Стејт департментот, а Илиевски своето исксутво го градел токму во овој систем“, стои во реакцијата на НСДП.

Од опозициската партија прашуваат каков професионален кредибилитет за заштита на човековите права може да има „човек пред чии очи 10 години власта врши политички пресметки со неистомислениците, затвора политички противници, затвора медиуми, новинари, врши сеопшт грабеж, а притоа тој да не препознае ниту, пак, да се осмели да поведе ниту една постапка, нешто за што е обврзан со Уставот и со законските прописи?“

„НСДП јавно го изнесува својот сомнеж за тоа дали Советот на Европа со својата одлука во овој чуствителен политички период во кој се наоѓа Македонија, на индиректен начин не испраќа порака до јавноста за какви вредности во Македонија се залага и не застанува на страна на политичка гарнитура која ги погазува темелните демократскики вредности врз основа на кои е формиран и самиот суд?“, се додава во соопштението.

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна...