Судот во Стразбур пресуди против Северна Македонија за повреда на слободата на изразување

-

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во септември 2020 година донел пресуда, со која ѝ се наложува на Република Северна Македонија да му исплати надомест на штета во висина од 3.000 евра на Никола Гелевски, поради повредено право на слобода на изразување, објави „Окно.мк“.

Пресудата на ЕСЧП е поврзана и се однесува на случајот во кој поранешниот главен и одговорен уредник на ТВ „Сител“ и главен и одговорен уредник на весникот „Вечер“ – Драган Павловиќ Латас, покрена судски процес против Никола Гелевски поради неговиот текст „Мегафоните од фиреровиот сокак“, публикуван во „Утрински весник“ на 31 март 2009 година.

Во судскиот процес што траел една година пред македонските судови, Павловиќ ја добил приватната тужба за навреда и клевета против колумнистот Никола Гелевски, по што Гелевски поднесе тужба до ЕСЧП. Од Судот во Стразбур во донесената пресуда се наведува дека „Владата признала дека имало мешање во слободата на изразување на жалителот“.

Помеѓу останатите делови од образложението на пресудата, ЕСЧП повторува дека „на поединци, а особено на новинари, кои учествуваат во јавна дебата за прашања од општ интерес, им е дозволено да применат одреден степен на претерување или провокација“, и се додава дека „кривичната пресуда изречена на Гелевски несомнено може да има застрашувачки ефект врз медиумите во политичката дебата за прашања од важност“.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР...

Истражувања покажуваат дека инјекциите за слабеење како „Оземпик“ може да бидат добри за менталното здравје

Инјекциите за слабеење може да бидат добри за менталното здравје на луѓето, покрај тоа што помагаат да се намали апетитот, покажува ново истражување, пренесува Гардијан. Истражување спроведено од научници од Универзитетот во...

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одредена е мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска...

Уапсен е кичевчанец кој со секира ги нападнал родителите – таткото починал, мајката е во критична состојба

Лишен од слобода маж од кичевско, кој со секира ги нападнал родителите, таткото починал, мајката е во критична состојба. Денес 11.05. во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од...

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во...