fbpx

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Макрадули во врска со судењето со Мијалков

-

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) денеска донесе една пресуда за две жалби во случајот на Јани Макрадули против Република Македонија и две одлуки со кои како несоодветни ги отфрли жалбите на Емрана Хасани против Република Македонија и на Исмет Бајрамовски против Република Македонија.

Со тоа ЕСЧП донесе пресуда според жалбата на Јани Макрадули на, според порталот „Сведок“, судските пресуди со кои беше прогласен за виновен според две кривични пријави за клевета поднесени од Сашо Мијалков, првиот братучед на Никола Груевски и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Станува збор за пресудата од 23 февруари 2011 година, кога судијката Дијана Груевска – Илиевска го осудила Макрадули за клевета, изрекувајќи парична казна од 1.000 евра или казна затвор од сто дена, судски паушал од 30 евра и уште 375 евра за судските трошоци на Мијалков. Тој пак го тужел за две прес конференции од 2007 година, кога Макрадули рекол дека Мијалков како шеф на УБК ги злоупотребил овластувањата за да влијае на Македонската берза и да дојде до информации што му овозможиле да оствари профит, како и дека доделувањето на градежната локација зад „Рамстор Мол“ на компанија зад која стоела „Орка Холдинг“ е извршено со влијание на Мијалков.

Судот во Стразбур утврди дека осудата на Макрадули, значи прекршување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права,  односно повреда на неговата слобода на изразување.

Според Судот, коментари во врска со имотот на јавни службеници, и нивна можна вклученост во неадекватни активности се однесуваат на значајни прашања од јавен интерес и истите се во согласност со начелата од членот 10 од конвенцијата.

Дополнително, според судот, интервенцијата на државата во слободата на изразување на апликантот, а со цел заштита на угледот на поединци, во конкретниот случај претставува повреда на стандардите од член 10 од Европската конвенција за човекови права.

ЕСЧП на Макрадули му досуди износ од 1.500 евра за надомест на нематеријална штета и 1.020 евра за трошоци во постапката.

Двата други случаја за кои се донесени одлуки за отфрлање како несоодветни се против Исмет Бајрамовски, кој живее во Швајцарија, а се жалел на пресуди во врска со доделување сопственост на куќа и двор во Кичево. Вториот случај е многу попознат, а станува збор за Емрана Хасани, бегалка од Косово, на која во 2007 година и е прекинат статусот на азилант, а која потоа не го регулирала државјанството и се жалела дека Македонија ќе ја протера на Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...