Државата ќе им плати над 13.000 евра на сексуални работници поради повреда на нивните права

Со спектакуларна акција наречена „Сузбивање на улична проституција“, МВР во 2008 година приведе 23 сексуални работници, активистка на здружение на граѓани и неколку случајни минувачи кои биле затекнати покрај кејот на реката Вардар. Министерството објавило фотографии од приведените сексуални работници, а утредента ги однело на тестирање на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби

-

Државата ги изложила сексуалните работници на нехуман и понижувачки третман додека биле лишени од слобода во полициска станица, оставени цела ноќ без храна, вода и пристап до тоалет. Вака пресуди Европскиот суд за човекови права во случајот Д.Х. и други против Северна Македонија бр. 44033/17.

Како што соопштија од Здружението ХОПС, Судот утврдил повреда на правото на приватност поради објавата на фотографии од жртвите на интернет-страницата на Министерството за внатрешни работи (МВР) без да биде прикриен нивниот идентитет и ја задолжил државата да им исплати износ од 13.300 евра за претрпените повреди и неефикасната заштита на нивните права пред домашните судови.

Од ХОПС потсетуваат дека во ноември 2008 година, МВР со спектакуларна акција наречена „Сузбивање на улична проституција“ приведе 23 сексуални работници, активистка на здружение на граѓани и неколку случајни минувачи кои биле затекнати покрај кејот на реката Вардар.

Сексуалните работници, без да бидат информирани за причините за лишување од слобода, биле задржани цела ноќ во полициската станица Бит Пазар, а следниот ден биле однесени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде биле тестирани за крвно и сексуално преносливи болести, по што биле пуштени на слобода.

„За цело време додека беа лишени од слобода, на сексуалните работници од страна на полициските службеници им беа упатувани погрдни зборови и беа изложени на понижување и исмевање. Сите 23 приведени сексуални работници, ноќта ја поминаа во мала просторија, без пристап до храна, вода и тоалет, а дел од нив биле во апстиненцијални кризи со дијареја и повраќање“, соопштија од Здружението ХОПС.

Неколку месеци по настанот, со поддршка на здружението, 13 сексуални работници поднеле тужба за заштита на нивните лични права пред граѓанскиот суд во Скопје кој во два наврати утврдил повреда на правата и ги задолжил МВР и Кривичниот суд да ја надоместат штетата за извршените повреди. Откако Апелациониот суд ја преиначи пресудата, четири од жртвите борбата ја продолжиле пред Европскиот суд за човекови права.

„Оваа пресуда, иако со задоцнување, е потврда дека државата има обврска да ги почитува правата на сите и со темелна и ефикасна истрага да ги испита наводите за нехумано и деградирачко постапување, особено кога истите доаѓаат од ранлива група на граѓани“, велат од ХОПС.

Од здружението ги повикаа надлежните институции навремено да ја спроведат одлуката на Европскиот суд за човекови права, да ги заштитат правата на сите жртви од полициската акција во 2008 година и да преземат мерки во иднина институциите да се воздржат од дејствија со кои ги повредуваат правата на сексуалните работници.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...