fbpx

Судир во ВМРО-ДПМНЕ: Две интервјуа, едно УСБ, многу закани и меѓусебни обвинувања

Две интервјуа во една вечер на Александар Николоски за „360 степени“ и на Никола Груевски за „Инфомакс“, кои беа преполни со меѓусебни обвинувања меѓу актуелното и сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

-

УСБ со докази дека Никола Груевски до Али Ахмети, Талат Џафери и трета страна ги доставил измените на Кривичниот законик е тврдењето коешто го изнесе синоќа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на што Никола Груевски одговори со закана дека тој толку многу работи може да им одговори на Николоски и Христијан Мицкоски што нема да знаат што ги снашло. Две интервјуа во една вечер на Александар Николоски за „360 степени“ и на Никола Груевски за „Инфомакс“, кои беа преполни со меѓусебни обвинувања меѓу актуелното и сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски за „360 степени“ изјави дека поранешни структури на ВМРО-ДПМНЕ два пати правеле обид за вонреден конгрес во партијата, а поранешниот претседател Груевски останал активен на социјалните мрежи и имал став за многу теми, но не и за името.

Тој тврди дека Груевски со месеци наназад имал интензивна комуникација со ДУИ, имал контакти и со СДСМ, додека во делот на докази посочи два дела.

„Едниот дел е, никој нема намера да биде таен агент и да собира докази, не е работа на партијата, ама поранешниот претседател треба да одговори зошто има комуникација и со еден од врвните луѓе на безбедносните структури во Македонија, а треба да одговори и тој од безбедносните структури. Второ е, политичкото дејствување, кога ќе видите дека стигнува од неколку страни и кога ќе видите како од каде стигнува“, кажа Александар Николоски.

Николоски посочи дека до партијата стигнуваат и други информации.

„Јас можам да споделам два детали со јавноста. Прво, се случуваа оваа година една прослава од годишнината на НАТО и потоа се случува средба кај претседателот Пендаровски каде се врвните луѓе од власта на која една од темите е ова сценарио, и се разговара за промена на името и се кажува за една слична акција за промена на Уставот успеала и оти по таа аналогија можеби треба и сега, прв го покренува тоа како прашање Али Ахмети и затоа Пендаровски беше до пола искрен кога кажа дека од него е барано, ама не кажа кој. Втора работа се измените на КЗ. Ние спомнавме дека имаме докази, еве има и УСБ на кое ги има измените и ако ги прочитате измените на КЗ и истите се доставувани од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Али Ахмети, Талат Џафери и трета страна“, рече Николоски.

Николоски укажа дека има јасна трага од каде е УСБ-то.

„Самото тоа што текстот од УСБ-то одговара на поминатиот текст во Собранието дава индиции“, кажа Николоски.

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од Будимпешта уште истата вечер се одлучи да му одговори на актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, овој пат со интервју за порталот „Инфомакс“.

Груевски во обраќањето им се закани на Александар Николоски и Христијан Мицкоски дека тој може толку работи да каже, што двајцата нема да знаат што ги снашло. Екс-лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека ВМРО-ДПМНЕ не е нивна партија и дека кога тој бил на чело имала околу 181.000 членови.

„Се трудам да се воздржам за глупостите што поединци ги прават, како што знам, за да не направам штета, да не можат после со месеци да се отплеткаат“, изјави Груевски.

За разлика од обвинувањата на Александар Николоски дека Груевски соработува со актуелното раководство на СДСМ и ДУИ, Никола Груевски синоќа го обвини Христијан Мицкоски дека соработува со Зоран Заев.

„Не е можно јас да направам оска против ВМРО-ДПМНЕ, тоа е пропаганда, слоган кој го смислиле. Очигледно се тргнати во една сосема непотребна офанзива, не знам дали на некому тоа треба да им го испорачаат, дали на Заев или на друг центар, дали се чувствуваат посилни па тргнале против Груевски, но од тоа само губат. Обично еден лидер треба да сплoтува, да ја направи партијата посилна, овде тоа не го гледам“, вели Груевски.

Никола Груевски во интервјуто за „Инфомакс“ демантираше дека имал тајни средби со претставници на власта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК ѝ го врачи уверението на Сиљановска-Давкова за претседател на државата

На седницата на ДИК беше усвоен заклучокот за конечност на резултатите од гласањето на Претседателските избори во земјава, по што утринава на Гордана Сиљановска Давкова и официјално ѝ беше...