Бугарското МНР реагира по законското ограничување за имињата на здруженијата

-

Бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) вчера остро реагираше на последните измени на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политички партии што ги изгласа Собранието на Северна Македонија во средата. Според овие измени, бугарските здруженија и клубови „Иван (Ванчо) Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ ќе имаат рок од три месеца да ги сменат имињата. Ако тоа не го направат во законски одредениот рок, ќе бидат избришани од Централен регистар.

Бугарските клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“ ќе треба да ги сменат имињата

Во пишаната реакција објавена вчера на веб-страницата на бугарското МНР се вели оти цел на овие измени е „дискриминациско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, за што повод е едностраната интерпретација на историските факти“.

Бугарската дипломатија предупредува дека имало вакви случаи во минатото, за коишто веќе има пресуди против Македонија од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

„Легитимниот стремеж за спротивставување на сите форми на екстремизам и омраза не може да биде инструментализиран за намерно ограничување на правата на конкретни заедници. Ограничувањата од ваков карактер веќе им беа наметнати на Бугарите во Северна Македонија во минатото. Со слични аргументи во 2001 година беше забранета организацијата „Радко“, кое е псевдоним на Иван Михајлов. За тоа прашање, ЕСЧП веќе има решение – случајот Радко и Пауновски против ПЈРМ № 74651/01“, пишува бугарското МНР.

Во реакцијата, како што и многупати во последниве десетина години напаѓаа низа врвни бугарски државни функционери, се споменува и комунистичкото минато. Во реакцијата се изнесуваат низа барања до македонската страна. Бугарската дипломатија порачува дека ваквите измени на закони го попречуваат ефективното и целосно исполнување на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија и се бара властите во земјава да гарантираат на сите незини граѓани, вклучително и тие што се самоопределуваат како Бугари „подеднакви права и слободи“.

Наспроти ваквите барања од бугарска страна, случајот со Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград доби судска забрана, исто како и за здружението што го формираше. Во последните 33 години во Бугарија имаше низа институционални и судски забрани за обидите за политичко и културно организирање на Македонците според самосвест од крајниот запад на Бугарија, односно од Пиринска Македонија, за што има пресуди против Бугарија токму од ЕСЧП.

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР...

Истражувања покажуваат дека инјекциите за слабеење како „Оземпик“ може да бидат добри за менталното здравје

Инјекциите за слабеење може да бидат добри за менталното здравје на луѓето, покрај тоа што помагаат да се намали апетитот, покажува ново истражување, пренесува Гардијан. Истражување спроведено од научници од Универзитетот во...

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одредена е мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска...

Уапсен е кичевчанец кој со секира ги нападнал родителите – таткото починал, мајката е во критична состојба

Лишен од слобода маж од кичевско, кој со секира ги нападнал родителите, таткото починал, мајката е во критична состојба. Денес 11.05. во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од...

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во...