Одлуката на Стразбур е потврда дека сериозно се прекршува слободата на изразување

-

„Одлуката на Европскиот суд за човекови права е црно на бело – потврда дека во Македонија се прекршува правото на слободно изразување. Тоа е ноторен факт утврден од релевантен суд“, вели Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија, за одлуката на судот во Стразбур да пресуди во корист на новинарите што беа исфрлени од собраниската седница на 24 декември 2012 година, на која се носеше буџетот за следната година.

– Успеавме со факти да покажеме пред македонската и европската јавност дека во Македонија има сериозни прекршувања на слободата на изразување. Пресудата праќа силна порака и до новинарите во Македонија дека стремежот за слобода секогаш победува и дека правдата доцни, но е достижна. Пресудата нè соочи со горката вистина дека во Македонија нема демократски институции кои можат да ги заштитат граѓанските слободи кога тие ќе бидат прекршени од страна на власта. Одлуката е црвен картон за грешките на Собранието и на Уставниот суд – вели Селмани.

Селмани се надева дека институциите во Македонија ќе извлечат поука и во иднина нема да ги попречуваат новинарите во нивната работа. Според него, Уставниот суд ја пропуштил историската шанса да утврди очигледно прекршување на слободата на изразување.

– Сега е време за соочување со одговорноста. Ако малку останал професионален интегритет кај уставните судии, тие веднаш би поднеле оставка. Не може да се изземат од одговорност ако одлучиле нешто, а потоа повисок суд од нив одлучил спротивно. Во нормална држава тоа би имало последици – додава Селмани.

Претседателот на ЗНМ истакна дека размислуваат да бараат средби со институциите за да се најдат начини да се реши проблемот со насилството и со прекршувањето на правата на новинарите. Тој додаде дека ќе побараат средба и со судиите од Уставниот суд.

На новинарско прашање зошто правниот систем во Македонија не успеал да го реши овој проблем, адвокатот Филип Медарски рече дека проблемот не го лоцира во нестручноста на судиите што одлучуваат, туку во нивниот интегритет да пристапат кон решавање на овој проблем во државата за да не мора постапката да се води во Стразбур.

Тој вели дека треба да се најдат механизми за да не дојде до ваков вид на прекршување на човековите права во иднина.

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за хуманитарна помош...

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за...