fbpx

Повеќе од 30.000 граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат против сезонски грип

Вакцинацијата против сезонски грип започнува од денеска во земјава, а обезбедени се 60.000 дози на вакцина

-

Од денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип, информира денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, проф. д-р Александар Петличковски. Тој кажа дека процесот досега се одвива во најдобар ред.

„Ги следиме препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за почеток на вакцинацијата во октомври. Би било убаво годинава да забележиме пораст на опфатот со што би се приближиле до препораката од СЗО за опфат од 75 проценти“, кажа Петличковски.

Обезбедени се 60.000 дози од четиритипната вакцина. Во моментот на северната хемисфера доминира инфлуенца тип А.

„Очекуваме вакцината да ги покрие циркулирачките варијанти. Засега има добар одзив, веќе над 30.000 граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат“, додава Петличковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...