fbpx

ЛГБТ активизмот во Русија прогласен за екстремистички – одлука на Врховниот суд

Шефот за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк, ги повика руските власти „веднаш да ги укинат законите кои поставуваат несоодветни ограничувања на активистите за човековите права или на ограничувања кои ги дискриминираат припадниците на ЛГБТ заедницата“

-

Рускиот Врховен суд вчера пресуди дека ЛГБТ активистите треба да бидат означени како „екстремисти“, потег за кој ЛГБТ заедницата стравува дека може да доведе до апсења и до гонења, пренесува Ројтерс.

Судијата претседавач објави дека го одобрил барањето на Министерството за правда да го забрани, како што го нарече, „меѓународното социјално движење ЛГБТ“.

Овој чекор, како што пишува Ројтерс, е дел од моделот на зголемени ограничувања во Русија за изразување на сексуална ориентација и родов идентитет, вклучително и закони кои го забрануваат промовирањето на „нетрадиционалните“ сексуални односи и забрануваат правни или медицински промени на полот.

Шефот за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк, ги повика руските власти „веднаш да ги укинат законите кои поставуваат несоодветни ограничувања на активистите за човековите права или на ограничувања кои ги дискриминираат припадниците на ЛГБТ заедницата“.

Претседателот Владимир Путин, кој се очекува наскоро да објави дека ќе бара нов шестгодишен мандат во март 2024 година, долго време се обидува да промовира слика на Русија како чувар на традиционалните морални вредности за разлика од „декадентниот Запад“.

Уставот на Русија се промени пред три години, за концизно да посочи дека бракот значи заедница помеѓу маж и жена, а со него не се препознаени истополовите бракови, пишува Радио МОФ.

Заменик градоначалникот на Санкт Петерсбург, кој минатата година јавно откри дека е геј, смета дека одлуката цели кон долгогодишни затворски казни за ЛГБТ активистите поради „учество во екстремистичка организација“.

„Ова е вистинска репресија. Постои паника помеѓу руската ЛГБТ заедница. Луѓето емигрираат. Терминот кој го употребуваат е „евакуација“. Мора да се евакуираме од нашата земја, ужасно е“, додал тој.

Во последните години, руската ЛГБТ заедница е под притисок од властите. Во 2013 година, се усвои Закон кој забранува “нетрадиционална пропаганда за сексуални врски меѓу деца“

Минатата година овие забрани беа воведени за сите возрасти. ЛГБТ референците беа отстранети од книгите, филмовите, рекламите и телевизиската програма. Претходно месецов, една руска телевизија го „цензурираше виножито“ во детски цртан филм, боејќи го црно бело, со цел да одбегне казна поради прекршување на Законот кој ја забранува „геј пропагандата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ФЗО протестира – се бараат повисоки плати и разрешување на Управниот одбор

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денес протестираат со три барања, потврди претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски. Нивните...