fbpx

КСЗД: Обвинителката Ристоска е дискриминирана, Советот на јавни обвинители да ѝ се извини

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дека обвинителката била дискриминирана при изборот на обвинители во Вишото обвинителство во Скопје

-

Поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, а сега член, Антонио Јолевски треба писмено да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска за дискриминација, во рок од 30 дена од приемот на мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Ова е препораката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) која утврди дека обвинителката била дискриминирана при изборот на обвинители во Вишото обвинителство во Скопје.

Доколку не постапи по препораката, Комисијата ќе покрене прекршочна постапка против него. За оваа одлука на комисијата на социјалните мрежи извести обвинителката Ленче Ристоска, која напиша:

„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја уважи мојата претставка и утврди директна продолжена дискриминација како потежок вид на дискриминација по основ на лично својство и општествен статус извршена од страна на Советот на јавни обвинители. Во време кога е модерно да се декларират заложби за етичко лидерство во институциите и култура на професионален и личен интегритет, како и родова и секој друг вид на рамноправност, декларативноста треба да се замени со практична и јавна подршка на поединците што ги поседуваат овие квалитети и ги водат овие битки. Воведувањето на мерит систем, наспроти практикување на дискрециони областувања, ќе влијае на зголемување квалитетот на работата и консеквентно на довербата во јавнообвинителскиот систем, бидејќи е едно од најсилните оружја против корупција, клиентелизам и дискриминација“.

Обвинителката Ристоска се обрати до КСЗД со тврдење дека неправедно и без никаков основ ја прескокнува и не ја избира на огласите за унапредување, во Вишото јавно обвинителство.

Советот на обвинители ја одби Ристоска првиот пат, со образложение дека е премногу млада, иако на истиот оглас беа избрани и помлади од Ристоска. Вториот пат, пак, Јолевски во своето образложение зошто нема да избере избрана, го спомена и породилното отсуство на Ристоска. Ова, според Антидискриминациската комисија е понижувачки и дискриминациски одговор. Исто така, комисијата смета дека дискриминација е ставот на Советот дека како обвинителка која работела во Специјалното јавно обвинителство не работела на случаи на крвни деликти или дрога, без за тоа да обезбеди извештај за нејзината работа како обвинителка.

„Кај Ленче имаме недостаток на работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Немаме извештај за неа за последните четирите години, таа еден период е и на трудничко отсуство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотреба“, рече тогаш Јолевски.

Инаку, Ристоска е една од ретките која јавно ја критикуваше работата на Советот и се најде на тапет на оваа инистуција која бараше таа да одговара за јавно искажани ставови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...