петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Совет на јавни обвинители | 121 резултати

Мицкоски се судри со амбасадорите за иднината на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

5 јули 2024

Неизвесна е иднината на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, откако премиерот Христијан Мицкоски децидно остана на ставот даден уште во предизборието, дека двата совета треба да се распуштат. На ова се спротивставија амбасадорите, но премиерот остана на својот став, со коментар дека „амбасадорите се мешаат во внатрешните работи“. Евроамбасадорот Дејвид Гир и […]

Лога преку писмо се пожали до Брисел и Вашингтон за најавите за распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители

4 јуни 2024

Министерот за правда во техничката влада Кренар Лога испратил писмо до дел од амбасадорите во земјава, но и до официјален Брисел и Вашингтон, во кое ја изразува својата загриженост за најавата на ВМРО-ДПМНЕ која партијата ја даде уште пред изборите, дека ќе ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во писмото до амбасадорите, […]

Мрежа за заштита од дискриминација: Советот на јавни обвинители да се извини за навредите кон КСЗД

17 јануари 2024

Мрежата за заштита од дискриминација бара од членовите на Советот за јавни обвинители да се извинат за навреди кон Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а во исто време бара да преземе мерки за заштита од родова дискриминација во институцијата. „На 95-та седница на Советот на јавни обвинители, одржана на 11 јануари, се дискутираше […]

Советот на јавни обвинители не ѝ се извини на Ленче Ристоска за утврдената дискриминација

12 јануари 2024

Иако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) препорача поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, а сега член, Антонио Јолевски да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска за дискриминација, тоа не било сторено на вчерашната седница на Советот, иако се дискутирало за таа точка. За случајот извести Коалицијата „Сите за правично судење“, […]

Од трите кандидати за нов републички јавен обвинител, остана само Љупчо Коцевски

27 декември 2023

Од тројцата пријавени кандидати за преземање на улогата на републички јавен обвинител остана само Љупчо Коцевски. На денешната седница на Советот на јавните обвинители се даваше мислење за пријавените кандидати за огласот за јавен обвинител на Република Северна Македонија, а овој филтер не го поминаа обвинителките – кандидатки Лидија Раичевиќ и Фатиме Фетаи. Фетаи испадна […]

На местото на Јовески, избрана е Соња Симовска како в.д. републички јавен обвинител

22 декември 2023

Обвинителката Соња Симовска денеска беше избрана за в.д. републички јавен обвинител и ќе дојде на местото на Љубомир Јовески. Советот на јавни обвинители денеска ја избра Симовска, која доаѓа на местото на Јовески поради истекот на неговиот шестгодишен мандат. Симовска ќе ја врши функцијата до изборот на нов републички јавен обвинител, за што процедурата треба […]

КСЗД: Обвинителката Ристоска е дискриминирана, Советот на јавни обвинители да ѝ се извини

14 декември 2023

Поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, а сега член, Антонио Јолевски треба писмено да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска за дискриминација, во рок од 30 дена од приемот на мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Ова е препораката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) која утврди […]

Вилма Русковска повеќе не е јавен обвинител, советот едногласно ја разреши

23 ноември 2023

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска, едногласно беше разрешена од страна на Советот на јавни обвинители, кој го усвои предлогот на Комисијата за утврдување на дисплинска одговорност. Претходно, членовите на Советот на јавни обвинители одлучија да се одбие жалбата на обвинителката во врска со предлогот за […]

Ниту Судскиот совет не бил консултиран околу контроверзните измени во Кривичник законик

25 септември 2023

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев вели дека ниту Судскиот совет не бил консултиран околу носењето на измените во Кривичниот законик, со кој се предвидуваат поблаги казни за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и злосторничко здружување. Истото го потврди и Антонио Јолевски, претседателот на Советот јавни обвинители, кој пак беше малку поумерен во изјавата […]

Контраспин: Јолевски спинува околу случајот со обвинителката Ленче Ристоска

29 април 2023

Наместо претседателот на Советот на јавни обвинители (СЈО), Антонио Јолевски, да ја повика обвинителката Ристоска на разговор од кој можеби и ќе дознае кој тргувал со влијание од Советот, тој и Советот ја упатуваат пред Етички совет за да оценел дали Ристоска со критиките и барањата за трансформација на СЈО сторила дисциплинска повреда и им […]

Советот на јавни обвинители ќе ја достави до Етичкиот совет изјавата на Ленче Ристоска

27 април 2023

Ленче Ристоска е обвинителка и таа треба како обвинителка да ги знае постапките, односно требало, исказите нејзини за наводно тргување со влијанија, да ги поткрепи со факти. Ова денеска го соопшти Антонио Јолевски, претседателот на Советот на јавни обвинители, по изјавата на Ристоска која кажа дека ова тело, од формирањето во 2008 досега, потфрлило во […]

Комисијата за дисциплинска одговорност бара разрешување на Вилма Русковска

30 март 2023

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот донесе решение, во кое меѓу другото се предлага разрешување на обвинителката Вилма Русковска. Во соопштението на Јавното обвинителство се вели дека „за поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство […]

Трајче Пеливанов назначен за привремен шеф на местото на суспендираната Русковска

29 август 2022

Обвинителот Трајче Пеливанов привремено ќе ја врши функцијата прв човек Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, до истекот на суспензијата на Вилма Русковска. Одлуката е донесена на денешната 64. седница на Советот на јавни обвинители од каде што објаснуваат дека е назначен привремен шеф бидејќи станува збор за обвинителство каде што се гони сериозен […]

Ленче Ристовска разочарана, Советот за јавни обвинители смета дека е премлада за во Вишото обвинителство

23 април 2021

По вчерашната седница на Советот за јавни обвинители на која се вршеше избор на јавни обвинители, меѓу имињата кои не беа избрани се најде и Ленче Ристовска, за чиј избор на функцијата виш јавен обвинител „против“ гласаа 7 од 11 члена на Советот за јавни обвинители. Обвинителката која работеше на случаите како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ […]

Фетаи и Рустеми од поранешно СЈО избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство

22 април 2021

Советот на јавни обвинители избра пет нови обвинители за во Обвинителството за организиран криминал и корупција, предводено од Вилма Русковска. Тројца од петте избрани обвинители се од поранешното Специјално јавно обвинителство и тоа Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, како и обвинителките Катерина Коларич и Наташа Поп Трајкова. На огласот кој траеше повеќе од […]

Коле Штерјов незаконски ја избрал внуката за обвинител, ДКСК – до тука е нашето

7 февруари 2020

Поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители го прекршил Законот за спречување корупција и не се изземал од гласањето кога неговата внука била избрана за обвинител во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, констатираше денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), но Советот на јавни обвинители нема да поведе постапка за тоа. […]

Закажани трите „директорски“ седници на Комисија за избор и именувања

6 декември 2019

Претседателот на собраниската Комисија за избор и именувања, Илија Димовски, за денеска закажа три седници на комисијата, на кои се очекува да се избере главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија. Ревизорите работат без директор речиси две години, при што во изминатиов период во неколку наврати реагираа вработените, но и граѓанските организации. На другите […]

Ацо Колевски е новиот претседател на Советот на јавни обвинители

30 август 2019

Ацо Колевски е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители. На денешното тајно гласање, Колевски едногласно ја доби довербата од 10-те членови на Советот. Тој ја наследува функцијата од досегашниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, чиј мандат веќе заврши. Мандатот на новиот претседател на Советот на јавни обвинители трае две […]

Советот на јавни обвинители едногласно донесе одлука да почне постапката за разрешување на Јанева

29 август 2019

Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека се исполнети услови за да започне постапка за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, информираше денеска по седницата, претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев „За тоа да го направиме Советот треба да изготви Извештај со утврдена фактичка состојба и да го достави до Собранието, кое, согласно […]

Рускоска: Камчев во исказот за споменува дека само го пријавил „Рекет“ кај Заев

27 август 2019

Обвинителката Вилма Рускоска денеска информираше дека премиерот Зоран Заев бил споменат во исказот на бизнисменот Орце Камчев за предметот „Рекет“, но само еднаш и во поинаква конотација од она што беше објавено во дел од медиумите деновиве. – Заев не е споменат во исказот на Камчев, освен во делот дека кај него прво го пријавил […]

Страна 1 од 6