fbpx
Таг: Совет на јавни обвинители

таг: Совет на јавни обвинители

Совет на обвинители: Јанева треба да работи по закон, а не да води политика

Јавните обвинители и обвинителката Катица Јанева се избрани да ја вршат надлежноста во согласност со законот, а не да водат политика, реагираат од Советот на јавни обвинители на денешното соопштение на Јанева, во кое таа ги повикува обвинителите избрани во нејзниот тим да не дадат свечена изјава. Ваквата постапка на специјалната обвинителка од Советот ја оценуваат како „повторен непринципиелен...

Движењето за реформи на ДПА: Да престанат опструкциите на работата на Јанева

Централното претседателство на Движењето за реформи на ДПА, по одржаната редовна седница, разговарајќи за актуелните политички прашања, апелира до работните групи да продолжат со политичкиот дијалог, почитувајќи ги динамиката и роковите предвидени во Договорот на Пржино. Тие бараат веднаш да престанат опструкциите што ѝ се прават на работата на специјалната обвинителка, а Советот на јавни обвинители да се откаже од улогата на...

Јанева бара избраните обвинители во нејзиниот тим да не дадат свечена изјава

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, бара од седумте избрани обвинители во нејзиниот тим да не дадат свечена изјава и истовремено го повикува Советот на јавни обвинители да закаже седница и да го избере целосниот тим што го предложи таа, стои во писменото соопштение од кабинетот на специјалната обвинителка до медиумите. Според Јанева, давањето свечена изјава би било акт на потврда...

Колку Зврлевски е неполитички обвинител, кажаа Јанкулоска и Ставрески во „бомбата“

Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој изјави дека за него специјалното обвинителство е политичко обвинителство, во една од „бомбите“ на опозицијата беше споменат од двајца политичари, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и поранешната министрека за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на кои, според снимката, им завршил работа и отфрлил кривична пријава поднесена против Ставрески. Во аудиоснимката што опозицијата ја објави на 15 февруари,...

ДУИ: Советот на обвинители и Катица Јанева да ја надминат настанатата ситуација

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) се надева дека Советот на јавни обвинители во соработка со специјалната обвинителка ќе ја надминат настанатата ситуација со заемно разбирање и дека ќе дејствуваат во согласност со Законот за специјален обвинител што беше усвоен од четирите најголеми политички партии со 111 гласа“, стои во денешното писмено соопштение на ДУИ. Во соопштението од партијата истовремено се...

Амбасада на САД: Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители

Со реакција за одлуката на Советот на јавни обвинители да одобри само седум од 14 кандидати за помошници обвинители, се јави и американската амбасада во Македонија. Од Амбасадата на САД велат дека се загрижени поради одлуката на Советот. „Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители и ја разгледуваме ситуацијата“, пишува во реакцијата на американската амбасада. Реакција за оваа одлука...

Ван Хојте: Тажно е што некои луѓе мислат дека можат да го прекршат сопствениот закон

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте денеска по одлуката на Советот на јавни обвинители да избере само половина од тимот што го побара специјалната обвинителка Катица Јанева, изјави дека со тоа не е испочитуван Законот за специјално обвинителство. - Законот предвидува обвинителката да ги добие сите ресурси, финансиски и кадровски, што таа ги побара и за што таа презентираше извештај. Очигледно овој принцип...

Советот на јавни обвинители денеска ќе одлучува за предлозите на Јанева

Советот на јавни обвинители денеска, 14 октомври, на седница чиј почеток е закажан за 11 часот, ќе решава за изборот на тимот што ќе ѝ помага на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување. На дневен ред на седницата ќе бидат две точки, односно членовите на Советот ќе го разгледуваат општиот работен, персонален и финансиски...

Обвинителствата контра Катица Јанева: Специјалното обвинителство е неуставно

Обвинителите кои вчера присуствувале на состанокот со државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, меѓу другото, изразиле незадоволство од донесувањето на Законот за специјално обвинителство, кој го оцениле како неуставен и повикале на поднесување иницијатива за оценување на неговата уставност и законитост, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Присутните побараа да се достави барање до Советот на јавните обвинители, со кое ќе се инсистира...

Советот на јавни обвинители утре ќе решава за предлозите на Јанева

Советот на јавни обвинители за утре, 14 октомври, ја закажа седницата на која неговите членови ќе решаваат околу изборот на тимот што ќе ѝ помага на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување. На дневен ред на седницата ќе бидат две точки, односно членовите на Советот ќе го разгледуваат општиот работен, персонален и финансиски план...

Советот на јавни обвинители денеска „ќе реши кога ќе решава“ за предлозите на Јанева

Членовите на Советот на јавни обвинители денеска ќе имаат состанок на кој ќе го прецизираат датумот на одржување на седницата за расправа и за избор на предлог-тимот што ќе ѝ помага на специјалата јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување, изјави за „Мета“ претседателот на Советот, Петар Аневски. Според Аневски, седницата „сигурно ќе се одржи оваа...

САД и ЕУ: Од суштинска важност е Советот на јавни обвинители да го именува тимот на Јанева

Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Делегацијата на Европската унија во Скопје го поздравуваат досега постигнатиот напредок во однос на спроведувањето на законот за јавниот обвинител за истраги за прислушуваните комуникации, што е клучен сегмент од политичкиот договор. Тие велат дека позитивни моменти претставуваат брзото именување на Катица Јанева на функцијата јавен обвинител за истражување на прислушуваните комуникации, фактот што...

Јанева утре ќе ги достави документите што ѝ ги побара Советот на обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, најдоцна утре ќе ги достави сите документи, односно работен, персонален и финансиски план, што ѝ ги побара Советот на јавни обвинители за да донесе одлучка по предлогот на Јанева за нејзиниот тим од 14 помошници, соопштија денеска од канцеларијата на специјалната обвинителка. Седницата на Советот на јавни обвинители на која треба да се изберат обвинителите што...

Советот на обвинители ќе го избира тимот на Јанева наредната недела

Седницата на Советот на јавни обвинители, за избор на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, и покрај неофицијалните најави дека ќе се одржи утре или в среда, сепак е одложена за наредната седмица. Ова за весникот „Утрински“, го потврдил претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, кој ги навел и причините за одлагањето на седницата. „Побаравме од специјалната обвинителка да...

Специјалната обвинителка го состави својот тим, чека амин од Советот на обвинители

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, денеска на прес-конференција соопштила дека го составила тимот на јавни обвинители што ќе ѝ помагаат во решавањето на наводите од содржината на снимките од „бомбите“ на опозицијата, јавува „Нова ТВ“. Јанева соопштила дека до Советот на јавни обвинители ќе ги предложи имињата на 14 обвинители кои ќе бидат дел од нејзиниот тим во Специјалното обвинителство. Како што...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...