Колку Зврлевски е неполитички обвинител, кажаа Јанкулоска и Ставрески во „бомбата“

-

Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој изјави дека за него специјалното обвинителство е политичко обвинителство, во една од „бомбите“ на опозицијата беше споменат од двајца политичари, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и поранешната министрека за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на кои, според снимката, им завршил работа и отфрлил кривична пријава поднесена против Ставрески.

Во аудиоснимката што опозицијата ја објави на 15 февруари, во втората „бомба“, меѓу другото, се слуша како тогашната министерка Јанкулоска вели дека му „спомнала на Марко“ да се отфрли пријавата против Ставрески, а „Марко“ потоа телефонски ја информирал дека „тоа што ми даде задача завршено е“ и, според кажувањето на Јанкулоска во снимката, ѝ рекол  „ќе ти дадам детален извештај, да знаеш сè е ОК со предметот.

Јанкулоска, според снимката што ја објави СДСМ, го информира Ставрески дека ќе имаат состанок со јавниот обвинител „пошо и он бара да се видиме, а и мене ми треба за поише предмети“, како и тоа дека и таа сака да го испочитува „пошо има мака кај него таму“, односно сака да ѝ се пожали како на „психијатар“.

Јанкулоска: Јас те барав за ова што ти пишав. Значи, ааа, јас нели ти реков некни му спомнав на Марко со тоа што види вака-така, сеа не директно, она отфрли ја пријавата, него види да ја завршиме побрзо ова-она, ама он знае што значи тоа. И сабајле го побарав и после ми се јави назад и ми кажа пошо беше на судење и знаеш не може да збори од таму и ми кажа, вика да знаеш тоа што ми даде задача завршено е. Пошо треба за други работи да се видиме за закон за кривична постапка деновове, вика ќе ти дадам детален извештај, да знаеш се е океј со предметот. Чисто да ти кажам. Кога ќе дојде кај мене ќе ми каже точно како го затворил.
Ставрески: Тоа значи ќе донесат одлука веднаш?
Јанкулоска: Па он, како што го разбрав јас, ти викам човеков на судење беше и така малку у шифри ми збореше. Како што го разбрав он го затворил предметот.
Ставрески: Аха
Јанкулоска: А, може да го затвори со решение дека се отфрла.
Ставрески: А Горде после ја да ѝ стегнам на оваа кривична за лажно?
Јанкулоска: Па може ти да ѝ стегнеш пријава.
Ставрески: Дали да се занимавам со тоа или… да затворам тука страницата.
Јанкулоска: Види тоа е малку вака… ја, на пример, искрено да ти кажам на никој, мене знаеш цела држава ми пушта пријави, не сум пријавила никого за лажно пријавување.
Ставрески: Или да ја држам во неизвеснот.
Јанкулоска: Држи ја во неизвеснот..
Ставрески: Ја може и понатака да стегнам, така?
Јанкулоска: Да, де, да, ќе го видиме рокот за колку време застарува, оти секое дело застарува некогаш, знаеш.
Ставрески: Да, да, да.
Јанкулоска: Ќе зборам, јас планирав да го викнам Марко утре, пошо имаме влада, не можам, задутре да го викнам, така на подолг разговор пошо стално знаеш он, мислам…
Ставрески: Е така, и провери го и овој аспект за колку време застарува и нејзиното кон мене за колку време застарува и обратно.
Јанкулоска: И ќе зборам со него и он да ми каже какви се искуствата оти, знаеш, битно е и како завршувале такви предмети. Да не се бламираш ти да си прв во државава и да ти ја отфрлат би било глупо. Ако има такво искуство, ќе ти кажам, ќе се договориме. Знаеш нејќам сеа да го викам на 10 минути, пошо така и …он бара да се видиме,  и мене ми треба за поише предмети, да го испочитувам онака еднаш, и така, пошо има он си има мака, кај него таму, ја како психијатар (се смее).
Ставрески: Еееј океј добро, фала ти многу, супер вест, еден проблем помалце.
Јанкулоска: Да, бе, да, ја баш тоа му реков некни ај види, молим те, подзабрзај ја работава ќе почне, сеа ја така му викам, ќе почне расправа, ја така му викам, викам ќе почне расправа за буџет у Собрание, една работа помалку да има за зборење. Вика нема проблем ќе го завршам брзо и сабајле кога се слушнавме.
Ставрески: Заблагодари му се у мое име кога ќе се видите.
Јанкулоска: Да, да, да, океј, мислам, јас и со сите кога има некоја работа обавезно се заблагодарувам. Мислам тоа знаеш не ти спомнувам, си се подразбира (се смее).
Ставрески: Ма, не, така треба да функционираме, мислам вака се функционира разбираш, а не да стои отворено, една година притисок да чуствуваш. Колку и да е неоправдана пријавата, ќе ти го вртат името.
Јанкулоска: Нема врска, на секое искачање, што и да праиш, ќе ти го спомнуваат. Ако не она, тие што се инструирани да ти го спомнат и непријатно е, мислам … Други работи кога ќе сакаш да кажеш, ова ќе ти го извадат.

СВР Охрид со соопштение за смртта на Алекс Салмонд: Му се слошило и починал на место

Дваесет и четири часа по настанот, полицијата од Охрид излезе со официјално соопштени во врска со вчерашната трагедија во која животот го загуби поранешниот Прв министер на Шкотска, Алекс...