fbpx
Таг: Совет на јавни обвинители

таг: Совет на јавни обвинители

Јанева нема да присуствува на седницата на Советот на обвинители за извештајот

Советот на јавни обвинители денеска на седница, закажана за 10 часот, ќе го рагледува извештајот за шестмесечната работа на специјалната обвинителка, Катица Јанева, што таа пред три дена го поднесе до Советот и до Собранието на Рапублика Македонија. На седницата ќе присуствува републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој е член на Советот на јавни обвинители по службена должност, а поканета...

Јанева го достави извештајот до Собранието, Советот на обвинители и до медиумите

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, до Собранието на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и до медиумите го достави извештајот за нејзината работа во првите шест месеци од основањето на Специјалното јавно обвинителство. Извештајот е поделен на шест глави, во кои се наведени состојбите во СЈО од неговото конституирање, односно човечките ресурси со кои располага, просториите во кои работи, детален...

Јанева утре треба да го поднесе извештајот за првите шест месеци од работата

Утре (15 март) е последниот рок до кога Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева треба да поднесе извештај за својата работа до Собранието на Република Македонија и Советот на јавните обвинители. Според ставот 1 од членот 7 на Законот со кој е основано специјалното јавно обвинителство, на 15 септември, минатата година, Јанева за својата работа е одговорна единствено пред Собранието и...

Јанева го побарала „Маѓар телеком“, Oбвинителство не го дава

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од Основното јавно обвинителство Скопје го побарала предметот за случајот „Маѓар телеком“, како и предметите против Зоран Верушевски за незаконско поседување оружје и против неговиот син, кој се товари за производство и за диструбиција на детска порнографија, соопшти Јавното обвинителство. Од Обвинителството реагираат дека со предметите што ги побарала, Јанева ги пречекорила своите законски овластувања,...

Аневски: Јанева прекршила закони и брутално ги избркала двете обвинителки

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ги прекршила Законот за јавни обвинители и Законот за работни односи и на брутален и непримерен начин ги отстранила двете обвинителки од нејзиниот тим, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Патер Аневски, по денешната седница на советот на која биле разгледувани изјавите на двете обвинителки, Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева, и на Јанева. -...

Јанева: Јас го кажав своето, на ред е Советот на јавни обвинители

Околу е еден и пол час траеше сослушувањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, пред тричлената комисија на Советот на јавни обвинители во врска со отстранувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим, по кое многу прашања и понатаму остануваат неодговорени за јавноста, а се појавија и нови. Јанева по завршувањето на распитот изјави дека пред членовите на комисијата дала изјава за случајот...

Јанева дојде на распитот пред Советот на јавни обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска се појави пред Советот на јавни обвинители каде е закажана седница за нејзината досегашна работа. Засега никој не информира дали по состанокот ќе има изјави за јавноста. Јанева, според најавите, треба да даде свое појаснување во враска со разрешувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим, Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева, а можно е да стане збор и...

Јанева денеска на сослушување во Советот на јавни обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска во 11 часот треба да се појави пред Советот на јавни обвинители и да даде одговор на прашањата за работата на нејзиниот тим што деновиве предизвикаа интерес во јавноста. Јанева, според најавите, треба да даде свое појаснување во враска со разрешувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим, Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева, а можно е да стане...

Обвинителките не биле отстранети оти „играле за друг тим“, туку поради помал обем на работа

Дали двете обвинителки од тимот на Катица Јанева биле „разрешени“, „избркани“ или „самите заминале“, и понатаму останува нејасно, а уште поголема мистерија за јавноста се причините околу тоа, односно зошто повеќе не се во тимот на специјалната обвинителка. На прашање на „Мета“ дали двете обвинителки се отстранети од тимот бидејќи „работеле за друг тим“, од кабинетот на Јанева го повторуваат одговорот од...

Јанева од понеделник со засилено обезбедување од МВР

Од понеделник Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе ѝ го даде дополнителното обезбедување што специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, го побара неделава, велат за „Мета“ од кабинетот на Јанева. Јанева побара засилено обезбедување за неа и за обвинителите од нејзиниот тим, еден ден по обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое тој остро ја нападна. За понеделник, како што...

Лејла Кадриу: Само Катица Јанева знае зошто нè избрка

Само специјалната обвинителка Катица Јанева знае зошто ние сме вишок или кусок и зошто носи такви одлуки, еднострани, некоректни и несогласни со кодексот на однесување на јавните обвинители, вели во изјава за „Канал 5“, обвинителката Лејла Кадриу, која заедно со својата колешка, Марија Ѓорѓева, пред една недела биле отстранети од тимот на специјалната обвинителка. „Работев редовно, сите задачи, како и другите...

Јанева за намалувањето на тимот: За обемот на работа, доволни ни се 10 обвинители

За совладување на обемот на работа, на Специјалното јавно обвинителство во моментов му се потребни десет обвинители, велат од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева, на прашањето на „Мета“ за коментар за денешната изјава на претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, дека Јанева разрешила и остранила од работа две обвинителки од својот тим. „Утврдено е дека за совладување на обемот...

Советот на обвинители закажа итна седница за тимот на Јанева

Советот на јавни обвинители за денеска, во 16 часот, закажа седница на која точка на дневен ред ќе биде тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, дознава „Мета“. Според наши извори, обвинителите на Јанева ќе бидат единствена точка на дневен ред на седницата. Дали членовите на Советот ќе расправаат за избор на другите седум обвинители од тимот на Јанева или, пак, ќе...

Аневски: На Јанева засега ѝ се доволни седум обвинители

Советот на јавни обвинители останува на ставот дека изборот на обвинители во тимот на Катица Јанева е завршена работа и дека засега нема потреба од седница за комплетирање на тимот, бидејќи нема нови околности, изјави претседателот на Советот, Петар Аневски, по денешната промоција на публикациите за антидискриминација во Академијата за судии и јавни обвинители. - Тоа е одлучено, определен е...

Јанева: Јас работам, а за сè друго нека кажат Владата и Советот на обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, не сака официјално, ниту неофицијално да ја коментира настанатата ситуација со Специјалното јавно обвинителство и за сите отворени прашања нè упатува на надлежните институции, односно Советот на јавни обвинители, Владата и Министерството за правда. Ова е суштината на краткиот телефонски разговор на „Мета“ со специјалната обвинителка Јанева. - Ние работиме на тековни работи, за настанатата ситуација треба...

Специјалното обвинителство во маѓепсан политички круг

Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева, иако беа инаугурирани од Собранието пред повеќе од четириесетина дена, сè уште не можат да почнат со работа поради спорот околу бројот на обвинители, а нема официјални информации ниту дали Јанева ги добила бараните финансии за работа од Владата. Во моментов спорот меѓу Советот на обвинители и Катица Јанева е статус кво. Решението, ако...

Што ги кочи преговорите на работните групи?

Поминаа речиси пет месеци од потпишувањето на Договорот од Пржино на 2 јуни и еден месец помалку од Протоколот потпишан на 15 јули, исто така, во Пржино. Кога почнаа средбите на работните групи, преговорите имаа некаков успех, се избра специјален обвинител, се донесе закон за специјално обвинителство, но веќе осум дена, откако Советот на јавни обвинители не ги избра сите...

Собранието му испрати мислење на Уставниот суд за законот за специјално обвинителство

Собранието му испратило мислење на Уставниот суд за законот за специјалното обвинителство, чија уставност ја оспори адвокат од Свети Николе, објави телевизијата „24 Вести“. Од кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за телевизијата соопштиле дека стручните служби го изработиле мислењето, а генералниот секретар, Жарко Денковски, го испратил до Уставниот суд. Како што пренесува „24 Вести“, од кабинетот на Вељаноски не...

Ден на политички одлуки, посети, седници, закони – ќе бидат ли доволни 24 часа?

Безмалку сите настани што внесоа напнатост на политичката сцена изминатава недела ќе се прелеат во денешната агенда. Посета на високиот комесар за проширување и меѓусоседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. Иако нема официјално објавен распоред на средби, Хан сигурно ќе се сретне со шефовите на четирите најголеми политички партии. Свечената седница на Советот на јавни обвинители, на која избраните седуммина помошници-обвинители од тимот...

Партиите се договорија за тимот на Јанева, преговорите на работните групи продолжуваат

Денеска, точно напладне, продолжуваат преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за изборните закони, откако утринава тие се договорија да го деблокираат спорот за специјалното обвинителство. Имено, како што дознава „Мета“, во 1 часот по полноќ, четирите политички партии потпишаа писмо кое треба да го испратат до министерот за правда, Аднан Јашари, кој треба да...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...