fbpx

Советот на јавни обвинители денеска „ќе реши кога ќе решава“ за предлозите на Јанева

-

Членовите на Советот на јавни обвинители денеска ќе имаат состанок на кој ќе го прецизираат датумот на одржување на седницата за расправа и за избор на предлог-тимот што ќе ѝ помага на специјалата јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување, изјави за „Мета“ претседателот на Советот, Петар Аневски.

Според Аневски, седницата „сигурно ќе се одржи оваа недела“, а можно е тоа да биде утре и задутре.

– Оваа недела ќе биде сигурно. Денеска ќе имаме состанок со членовите на Советот на јавни обвинители и ќе се договориме за денот. Можно е да биде уште утре или задутре. Членовите на Советот ќе треба да се изјаснат, а поради специфичноста на работата, седницата најверојанот ќе трае подолго време, а за предлозите се гласа со Бадентерово мнозинство – изјави за „Мета“ Аневски.

Претседателот на Советот немаше коментар околу заедничкото соопштение на Европската унија (ЕУ) и на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава, бидејќи кога контактиравме со него, тој сè уште не беше запознаен со неговата содржина.

Во дел од соопштението на ЕУ и на Амбасадата на САД стои дека „од суштинска важност е Советот на јавни обвинители да ја изврши својата улога во согласност со законот за водење истраги за прислушуваните комуникации и да го именува тимот на госпоѓа Јанева, за да може нејзиното обвинителство да почне да го извршува својот мандат и своите задачи, независно и без да трпи каков било облик на политички притисок“.

Покрај екипирањето на тимот на Јанева, истекуваат и крајните рокови за обезбедување на финансиите за работа на Специјалното јавно обвинителство, во согласност со плановите што специјалната обвинителка минатата недела ги достави до Собранието, Владата и до Советот на јавни обвинители.

Според законот за Специјалното обвинителство, следниот понеделник (19 октомври) е последниот рок до кога Владата „е обрзана да обезбеди финансиски средства за непречена работа на Јавното обвинителство“ во согласност со општиот работен, персонален и финансов план поднесен до Владата и до Советот на јавни обвинители.

До понеделник и Министерството за правда треба да обезбеди „комплетни просторни услови“ за работа на Специјалното обвинителство.

Инаку, викендов дел од медиумите го објавија работниот план на Катица Јанева, според кој таа бара повеќе од еден милион евра за Специјалното обвинителство за до крајот на оваа година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...